ambassador image
Жаклина Ристовска
Одделенски наставник
ООУ „Браќа Миладиновци“ - Скопје
Накратко за мене како едукатор би кажала дека сум креативна, одговорна, доследна, принципиелна, љубопитна за новини и предизвици во образовната сфера и нивна примена, ентузијаст, секогаш спремна за работа во тим, нови предизвици и истражување во разни сегменти од областа на образоавнието.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Жаклина Ристовска, одделенски наставник во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, Скопје. Посебно сум горда што се стекнав со звањето прв наставник-ментор во училиштето, а сега и ЕДУИНО Амбасадор. Отсекогаш ми било тешко да се опишувам како едукатор, тоа го оставам да го кажат пред сè моите ученици и родители од генерациите кои биле и се дел од мојата едукативна практика. Како едукатор секогаш се трудам моите ученици да имаат трајни знаења, вештини и особини со кои би достигнале високи и посакувани цели во животот. Секогаш им посочувам: Сè што работите, работете темелно, квалитетно, доследно и одговорно. Тоа е тајната на успехот.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Секогаш се трудам учениците да бидат мотивирани за учење преку создавање на стимулативна средина во училница и надвор од неа, преку интересни, истражувачки и едукативни активности. Постојано создавам автентични ситуации, со цел учениците да сфатат дека она што го учат и ќе го научат ќе им биде потребно и корисно во животот. Сакам учениците да имаат желба да следат настава, која ќе им биде во исто време интересна, едуактивна и забавна. Активностите кои се реализираат на часот, учениците ги мотивираат сами да сакаат да ги продолжат во вид на игра, истражување и друга форма или едноставно размислуваат за нив, со цел стекнување трајни знаења.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Креирање трајни едукативни вредности и ресурси за учениците и наставниците беше мојот основен мотив. Поднесувањето на активности преку платформата ЕДУИНО ран детски развој за мене претставуваше соочување со иновација во наставата што се покажа како многу ефективна и корисна за сите што се дел од образованието во нашата држава, но и надвор од неа. Всушност, нашите едукативни онлајн активности можат да ги видат и применат и колеги од други држави. Образовната практика покажа дека придобивките од ЕДУИНО активностите се многу значајни како за учениците така и за наставниците, па препорачувам секој наставник да се вклучи во нив и постојано да се зголемува ризницата од наставни онлајн активности.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието секогаш мора да биде во тек со промените во светот и постојано да се прилагодува на нив. Наставните планови и програми континуирано да се усовршуваат и пратат потребите на секое општество во една држава. Накратко учениците по завршување на своето базично образование да бидат спремни за предизвиците, шансите и можностите на своите работни места. Велам базично, зошто човекот треба да учи и да се надоградува, инвестира во своето знаење континуирано низ животот.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Можност на споделување и применување на разни едукативни активности меѓу наставниците, размена на идеи и начини на презентирање на наставните содржини. Всушност една идеја поттикнува, мотивира и раѓа многу нови идеи. Во исто време и богатство од едукативни, интересни и мотивирачки активности за учениците.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Ризница на онлајн едукативни и иновативни методи на учење и поучување во 21 век.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Станче Штерјовска
ЕДУИНО за мене е совршената, можност да придонесам кон поттикнување на правилниот ран детски развој кај децата.
ambassador image
Ксенија Николова
Искуството, креативноста и љубовта кон работата излегуваат на виделина во моментот кога ЕДУИНО те предизвикува.
ambassador image
Зорица Пармачка Велински
Како едукатор се трудам учениците да ги наведам да си го сакаат и да го почитуваат мајчиниот јазик.