Гордана Икономовска
Одделенски наставник
ООУ „Круме Кепески“ - Скопје
За себе можам да кажам дека сум наставник кој бара нови предизвици. Мое мото е: - „Што можам денес да направам, а да е подобро од вчера“. Наставник сум кој сака тимска работа, знам да мотивирам, сакам да разменувам знаења и искуства.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Одделенски наставник со дваесет и двегодишно работно искуство во подрачното училиште на ООУ „Круме Кепески“ – Припор, Кисела Вода. Едукатор кој е динамичен, со точно поставени цели и стремеж истите да бидат во целост исполнети. Постојано го поттикнувам градењето на социјализирани, културни и емпатични детски ликови. Радоста и среќата во детските очи, по секој постигнат успех се мој постојан мотив за внесување новини во мојата пракса.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Градењето личности кои заемно ќе се почитуваат и соработуваат е сликата за генерациите ученици кои беа дел од мојата практика. Поттик за групна работа, меѓусебно надополнување на знаењата на учениците за постигнување на подобри резултати и нивно споделување е уште една добра практика. Користењето нa информатички технологии, нови апликации, видеолекции и игровни активности ја прават побогата и поинтересна наставната пракса.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Почетокот на пандемијата беше предизвик, особено снимањето на првите видеолекции за ЕДУИНО порталот. Тие чекори ме мотивираа да создадам нешто корисно за моите ученици и моите колеги. Видеолекциите како и игровните активности се дел од национална платформа. Тие се од трајна вредност и претставуваат поддршка во практиката. Мотив е да бидеш од полза за општеството.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Во иднина би продолжила активно да се залагам за квалитетна настава. Наставните програми да бидат прилагодени според реалните услови и можности. Наставниците да имаат континуиран професионален развој и обуки.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене значи дигитална поддршка и помош како на наставниот процес, така и надополнување на знаењата на учениците во домашни услови.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Можност, идеја, соработка.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Фатиме Беџети-Дурмиши
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.
Гонџе Ејуби
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО- амбасадор, всушност е успехот на учениците.
Сунчица Бендевска
ЕДУИНО зедницата е вистинско место каде што секој може да го пронајде она што му е потребно.