Билјана Лазареска
Одделенски наставник
ООУ „Вера Јоциќ“ - Скопје
Ја сакам проектната настава, имплементирам проекти, активности и игри преку кои сакам да ја разбудам креативноста, критичкото размислување, имагинацијата и фантазијата кај учениците. Се трудам на што полесен начин да ги совладаат училишните задачи, тешките лекции и да им создадам навика и љубов кон книгите и учењето.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Билјана Лазареска, одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“ Гази Баба, Скопје. Би се опишала како неуморен ентузијаст кој истражува, афирмира проекти, сака да ги сподели и имплементира своите идеи за подобрување на образованиот процес. За мене наставата е уметност и наука преку која го пренесувам знаењето на учениците во формален амбиент, користејќи различни методи преку процес на следење на потребите, искуствата и чувствата на учениците. Преку дигитален, интерактивен, игровен и едукативен начин се обидувам да им ги доближам сите содржини за да можат полесно да ги совладаат, но и да се прилагодат на сите промени со кои се соочуваат во училницата и надвор од неа. Во образованието, наставата е усогласено споделување на знаење и искуство, што за мене претставуваше можност и главен предизвик да бидам Надворешен соработник за изработка на новите наставни програми по наставниот предмет Техничко образование и информатика, но и автор на материјали за учење и учебниците по Природни науки по новата Концепција за прво и четврто одделение како еден од креаторите на дигиталните содржини за четврто одделение за истите учебници.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Практикувам часовите да се секогаш во согласност со возраста и ментални способности на учениците. За да го постигнам ова избирам најсоодветни различни методи, пристапи, дигитални алатки, едукативни игри, преку кои учениците треба да ги постигнат целите без никаков напор. Особено внимание посветувам на индивидуализираното учење врз основа на следење на детето, поддршка, охрабрување и откривање на неговите потреби и интереси почитувајќи го неговото достоинство. Преку проектите кои ги спроведувам им се овозможува различна персперктива и различен пристап на искуствено учење кое им овозможува подобро самостојното учење, носење заклучоци и развивање на самодовербата, соработката и креативноста.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Она што ме мотивира како едукатор е да се има платформа со корисни едукативни материјали на македонски јазик, како и на јазикот на етничките заедници кои живеат во Македонија. Приоритет на секој од нас е да го збогатиме своето искуство применувајќи најразлични игри и активности. Преку ЕДУИНО имаме привилегија да дојдеме до тие содржини намалувајќи го времето за истажување и пронаоѓање квалитетни и добри едукативни игри и активности. Секој од нас како едукатор има различни идеи, користи различни алатки, применува различен пристап, има различен метод за развивање на размислувањето, но исто така и логиката, па затоа е добро секој да сподели и даде придонес за подобрување и намалување на времето за подготовка и планирање на часовите.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Динамичните промени во сите сфери од нашето постоење, како и во образовниот процес, се двигател за нашиот напредок и професионален развој. Преку ЕДУИНО се нуди начин и можност за размислување и размена на идеи со посредство на организирана комуникација помеѓу едукаторите. Реализирањето на тие организирани комуникации на различни начини и преку различни активности, ќе овозможи да се пронајде, мотивира и ангажира секој наставник и ги достигне посакуваните цели.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Портал кој содржи проверени и квалитетни едукативни материјали на македонски јазик, кои го олеснуваат и збогатуваат образовниот процес. Место на добри практики споделени од професионални едукатори.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Онлајн библиотека, иновација во нашето образование.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Соња Трифуновска
Изработката на видеолекциите за ЕДУИНО за мене беше една од најдобрите практики што ги имам во моето работно искуство како наставник.
Силвана Бошковска Ќулавковска
Најголема мотивација за учество и придонес во ЕДУИНО ми беше можноста да соберам нови идеи за активности коишто ќе ги реализирам во мојата занимална.
Нора Жута Села
ЕДУИНО за мене претставува ново искуство во мојата кариера, можност за креирање на трајни вредности во образованието.