Весна Пупучовска
Одделенски наставник
ООУ „Александар Турунџев“ – с. Кукуречани
За мене ЕДУИНО беше можност да им ги приближам содржините на поголем број ученици во време на онлајн-настава, да им овозможам поинаков начин на поучување, посликовит и поинтересен за нив, во време кога им одговара ним. Исто така, и како средство што другите наставници ќе го употребат во својата работа.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Весна Пупучовска, ООУ „Александар Турунџев“ – с. Кукуречани, Битола. Работам како одделенски наставник во ПУ с. Крклино, Битола. Досега сум работела во комбинирани паралелки со различен број одделенија, почнувајќи со 3 одделенија, но и по 3 години со 4 и со 5 одделенија.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Можноста да им го направам интересно учењето на учениците, да ги мотивирам, да им го приближам она што не го знаат, а ги интересира, да ги поттикнам да бараат, да истражуваат, да сакаат да учат и да го применат наученото.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
За мене ЕДУИНО беше можност да им ги приближам содржините на поголем број ученици во време на онлајн-настава, да им овозможам поинаков начин на поучување, посликовит и поинтересен за нив, во време кога им одговара ним. Исто така, и како средство што другите наставници ќе го употребат во својата работа.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Современо образование, чија цел е ученикот ,заедно со учителот, како централна личност што го спроведува поучувањето и обезбедува можности за учениците да учат ефективно преку интересни активности за развивање на своите вештини преку истражување, откривање, творење.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Партнер во работата, споделување идеи, начин на кој учениците се воведуваат во користењето нов извор на учење. Научив да користам одредени алатки што претходно не ги употребував.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Знаење/соработка.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Маринела Готак
Мотив да придонесам кон ЕДУИНО ми беше желбата за споделување на игровни активности кои ги изработувам како родител и едукатор.
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
Билјана Лазареска
За мене наставата е уметност и наука преку која го пренесувам знаењето на учениците во формален амбиент, користејќи различни методи.