ambassador image
Виолета Поповска
Одделенски наставник
ООУ „Вера Јоциќ“ - Скопје
Секоја професија доколку ја сакате - ја работите со многу љубов. Можноста да работам со ученици, да направам учењето да им биде интересно, да го сакаат училиштето, да се изградат во прекрасни личности, ми претставува огромен предизвик, но и голема одговорност.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Виолета Поповска и сум одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“ – Хиподром, Скопје со 20-годишно работно искуство. За себе би кажала дека сум едукатор кој брзите промени во општеството и образованието ги прифаќа и ги доживува како предизвик за сопствено надградување, преку кое се остава јасен печат во креирањето личности подготвени за својата иднина. Така и снимањето на ЕДУИНО- видеолекциите за мене беа предизвик и започнав со снимање на часовите уште од самиот почеток. Секоја професија доколку ја сакате - ја работите со многу љубов. Можноста да работам со ученици, да направам учењето да им биде интересно, да го сакаат училиштето, да се изградат во прекрасни личности, ми претставува огромен предизвик, но и голема одговорност.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Добриот едукатор мора да е во тек со современите образовни трендови, јасно и разбирливо да им ја пренесува материјата на учениците, да е праведен кон сите ученици, да ги сака учениците, да воспостави добра интеракција со нив, да ги следи нивните способности и желби. Успевам на интерактивен начин да им ги доближам сите наставни предмети на учениците, но и да ги поттикнам и да им ја зголемам заинтересираноста за истражување и учење за сè она што е важно за нив и што ги опкружува.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО за мене претставува уште еден предизвик во мојата кариера како наставник, едно добро искуство досега поразлично, од областа на образованието. Би сакала да им препорачам на останатите колеги, да се обидат да дадат свој придонес во збогатување на оваа библиотека, да го преточат своето знаење во изработка на квалитетни видеолекции со тоа што ќе им помогнеме на учениците самостојно да учат, но и на наставниците да дојдат до нови идеи за реализација на нивните часови.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Исправена заедно со предизвикот како ЕДУИНО-амбасадор, образованието на иднината го доживувам како предизвик со мои иновативни решенија од нови неосознаени предизвици. Како ЕДУИНО-амбасадор ќе продолжам во креирање нови видеолекции од кои ќе учат учениците и многу идни генерации, преку кои ќе се стекнат со нови знаења, вештини и способности. Ќе се обидам да им го пренесам стекнатото искуство и на своите колеги, а со тоа и можноста да придонесам во напредокот на нашето образование.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО претставува модерна алатка за современо образование исправена пред сите предизвици. Збирка на добри практики каде учениците можат самостојно да учат, место каде може да се споделат идеи, да се разменат искуства помеѓу наставниците, да се најдат добри активности, кои досега ги немавме како ресурси на едно место. Платформа за професионална соработка и споделување на знаењата и искуствата на едукаторите, со цел креирање ресурси и збогатување на вештините на наставниците.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Библиотека.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Александар Цветкоски
Иднината на образованието ја гледам на високо ниво. Иднина исполнета со многу успех, пристапност до квалитетно образование.
ambassador image
Душица Јакимовска
Благодарение на ЕДУИНО имав можност моите едукативни активности да ги споделам со едукатори, родители и деца од целата држава.
ambassador image
Марина Станиславова
Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата