ambassador image
Гордана Наумовска Трајкоска
Одделенски наставник
ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски" - Скопје
Поборник за квалитетно инклузивно образование кое е клучно за развојот и напредокот на секое дете. Како едукатор се трудам да сум објективна, позитивна и креативна. Ме исполнуваат детските насмевки и прегратки кои секојдневно ме опкружуваат.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Гордана Наумовска Трајкоска, одделенски наставник во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски" од Скопје. Моите почетоци во образовниот процес за мене претставуваа голем предизвик. Од самиот почеток на мојата работа имав желба да креирам средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено и еднакво со своите соученици. Денес се чувствувам горда и среќна што моето секојдневие го поминувам со ученици на кои им се потребни прилагодувања, посветеност, адаптација и секако прифаќање од страна на соучениците. Среќна сум што мојата училница е бајка во која владее слогата, еднаквоста и другарувањето на сите ученици. Добитник на ПРИЗНАНИЕ - Најинклузивен наставник. Поборник за квалитетно инклузивно образование, образование за секое дете.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Мојата училница секогаш е исполнета со креативност, солидарност, еднаквост предводена од мотото - „СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ“. Секојдневно изработувавме инклузивни активности каде активно се вклучени сите ученици. Со радост, насмевка и нетрпение се очекуваа секоја нова активност. Со заемна соработка помеѓу наставник, ученик и родител создадовме идеална ИНКЛУЗИВНА УЧИЛНИЦА. Создадовме квалитетна средина за учениците со попреченост. Денес и по осум години, мојата училница е исполнета со насмевки, се реализираат инклузивни активности кои ќе траат со години. Благодарениe на меѓусебната соработка успеавме да поттикнеме и активности на општинско ниво кои се белег на една мала училница, која започна тивко и со една надеж - МОЖЕМЕ И ЌЕ УСПЕЕМЕ.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО - за мене претставува предизвик, но истовремено и мотивација за успешно и квалитетно образование. Бев мотивирана да дадам мој придонес во ЕДУИНО заедницата затоа што сметам дека за квалитетно образование потребни ни се нови пристапи, алатки и ресурси кои како едукатор со радост ги прифаќам и креирам. На овој начин сметам дека со едукативните активностите кои ги креирав и осмислував со голема посветеност ќе охрабрам голем број наставници да се вклучат во креирање и осмислување на едукативни активности кои ќе придонесат за квалитетно образование.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Современо образование со квалитетни инклузивни училници, ресурси и училници со најсовршена технологија. Соодветни и квалитетни обуки за наставниот кадар, како и едуцирани асистенти. Образование кое ќе предизвика среќа и воздишки кај сите чинители во образовниот процес.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува збирка на креативни активности, извор на знаење, учење, дигитална платформа која може да биде присутна во сечија училница, сечиј дом.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Современо образование.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Тинка Палиниќ
ЕДУИНО ме поттикна на критичко размислување и примена на стекнатите искуства и знаења во наставата.
ambassador image
Фатиме Беџети-Дурмиши
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.
ambassador image
Нора Жута Села
ЕДУИНО за мене претставува ново искуство во мојата кариера, можност за креирање на трајни вредности во образованието.