Даниела Милошеска
Воспитувач
ЈОУДГ „8 Март“ - Струга
Едукатор - воспитувач кој се труди целото свое воспитување и образование кај најмалите да биде пренесено успешно, со помош на нови креативни игри и активности, кои поттикнуваат размислување, социјализација и фер игра со цел правилен развој на секое дете.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Даниела Милошеска, дипломиран воспитувач, вработен во ЈОУДГ ,,8 Март“ објект Сонце, Струга. Автор на книга-прирачник „Воспитувач“ книга со 5 приказни, ,,Мравко“ и книга-приказна ,,РОЗИТА“ - Мултиетнички проект на три јазика: македонски, албански и турски. Едукатор-воспитувач кој се труди целото свое воспитување и образование кај најмалите, да биде пренесено успешно, со помош на нови креативни игри и активности, кои поттикнуваат размислување, социјализација, позитивна емоционалност, фер игра и успешност во целокупниот развој на детето.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Секојдневно создавање на нова и интересна средина за различните игри и активности, кои ќе ја привлечат и придобијат детската соработка, желба за работа и меѓусебна соработка.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Суштината на поимот воспитување за мене значи работна обврска и желба за пренесување на знаењето, создавање и градење на личности достоинствени за околината, опшеството и животот, а ЕДУИНО порталот е можност да ја прикажеме на нашата трудољубивост и вештини.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Нашите деца се нашата иднина, да се потрудиме со многу љубов, труд и работа да им всадиме навики на достоинство, гордост, работа и културно однесување, преку наједноставниот начин за нив - игра, дружење, будење на детските вештини и фантазии.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО преставува охрабрување за тимска работа, иновација, соработка, толеранција, целото добро собрано на едно место за постигнување на позитивни резултати кај децата од различна возраст.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Успешна платформа и совршена професионалност и мотивација за работа, која во целост ги претстави воспитувачите и нивната одговорна работа, труд и посветеност.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Рената Максимова
За мене процесот на учење не е финален со завршување на формалното образование, туку е нешто кое трае во текот на целиот живот.
Невенка Иванова Толеска
Ја имам најубавата професија и секојдневно уживам во мојата работа, а тоа е можеби највредната лекција која им ја пренесувам на моите ученици.
Тинка Палиниќ
ЕДУИНО ме поттикна на критичко размислување и примена на стекнатите искуства и знаења во наставата.