ambassador image
Елена Тодоровска
Воспитувач
детска градинка „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје
Како мајка, воспитувач, човек што неизмерно ги сака децата, секојдневно посветувам внимание и грижа за најмалите и остварувам силни врски и интеракции за да ме доживеат децата како личност што им влева сигурност, која ги слуша и ги почитува, а воедно, ги учи и ги воспитува да бидат подобри и поуспешни.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Моето име е Елена Тодоровска. Работам во детската градинка „Раде Јовчевски – Корчагин“ –Скопје како воспитувач. Себеси би се опишала како едукатор што ги учи децата на животните вештини и на емоционална зрелост и сигурност.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како мајка, воспитувач, човек што неизмерно ги сака децата, секојдневно посветувам внимание и грижа за најмалите и остварувам силни врски и интеракции за да ме доживеат децата како личност што им влева сигурност, која ги слуша и ги почитува, а воедно, ги учи и ги воспитува да бидат подобри и поуспешни.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
За мене единствената мотивација се децата. Кога работите со деца, вие сте освоени од секое детско срце. Децата ги гледам како наше најголемо богатство, во кое ние треба многу да вложуваме, бидејќи тие се нашата иднина, нашето сè. Ние како нивни едукатори секогаш мислиме на потребите на децата и го даваме нашиот максимум во раното учење и развој на воспитно-образовниот процес.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието зависи од сите нас. За да имаме посреќни деца, треба да ги подобриме условите и начините на учење. Во воспитно-образовниот процес треба да бидеме вклучени сите, особено кај најмалата возраст, за да можат да пораснат во емоционално зрели личности, кои сакаат, почитуваат и се благодарни. Модернизацијата треба да ја консумираме со цел и умерено за да не ги изгубиме меѓучовечките вредности. Убаво е да почнеме да создаваме едукативни содржини што ќе им помогнат на децата и родителите како едно образовно помагало.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене е платформа за образовен раст и развој на децата. Е – единствена и едукативна, Д – друштвено дигитална, У – учечко, И – игровна, Н – научна, О – образовна програма.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Едукација.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Светлана Бобевска
Како млад наставник, кога првпат започнав да работам, бев голем ентузијаст и ја прифаќав секоја новина во образованието и ја применував преку мојата креативност во наставата.
ambassador image
Мира Ѓорѓиевска
Процесот на дигитализација е неминовен, а ЕДУИНО е вистиски пример и насока за како треба да изгледа образованието во иднина.
ambassador image
Симона Палчевска
ЕДУИНО порталот го замислувам како едно големо срце кое дава живот, многу љубов на едно место за сите деца и возрасни.