ambassador image
Зорица Пармачка Велински
Наставник по македонски јазик
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица
ЕДУИНО за мене претставува портал, база на податоци што обединува голем број учесници во образованието и денешното учење од далечина, а во тој процес учествуваат и наставниците, и учениците, и родителите.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Се викам Зорица Пармачка Велински и предавам македонски јазик во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица, општина Босилово. Како едукатор се трудам учениците да ги наведам да си го сакаат и да го почитуваат мајчиниот јазик, што почесто да го користат литературниот јазик во секојдневната комуникацијата и да се стекнат со навика за критичко размислување.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Ги наведувам учениците колку што можат повеќе самите да доаѓаат до знаењата преку прашања, претходно стекнатите знаења да ги поврзуваат со нови знаења и да ги применуваат во секојдневниот живот. Денешните деца се потемпераментни, подинамични од времето кога ние бевме ученици и затоа треба секој час да им биде поинаков и поинтересен од претходниот. Посакувам да знаев дека со секој ден, со секоја година, како што велат: „Panta rei“, или: „Сè тече, сè се менува.“
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Ме мотивираше тоа што во еден момент сите се чувствуваме како да сме во една безизлезна ситуација, и наставниците, и учениците, и родителите, и сакав на некој начин да ја олеснам таа состојба. Да го направиме тој портал, таа база на податоци, за да доаѓаат полесно до дигитални информации и лекции, и наставниците и учениците.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието го подобри и ќе го подобрува својот квалитет и начинот на комуникација во триаголникот наставник – ученик – родител преку дигиталната комуникација и учењето од далечина. Тоа со своите промени и насоки ќе им помогне на учениците со своите знаења да се снајдат и да одговорат на современите и глобални потреби во светот со тоа што ќе ги применуваат своите знаења во секојдневниот живот. Има и некои недостатоци, ама ќе се трудиме да ги отстраниме во иднина.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува портал, база на податоци што обединува голем број учесници во образованието и денешното учење од далечина, а во тој процес учествуваат и наставниците, и учениците, и родителите.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Колективност.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Љазиме Амети
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги реализирам на дистанца овие лекции со едукативен карактер.
ambassador image
Елена Ташева
За време на пандемијата максимално го искористив времето да се посветам на пишување, изработка на активности, снимање и документирање.
ambassador image
Гордана Икономовска
Радоста и среќата во детските очи по секој постигнат успех се мој постојан мотив за внесување новини во мојата пракса.