ambassador image
Мануела Димова
Одделенски наставник
ООУ „Тошо Велков-Пепето“ - Кавадарци
Желбата за едукација, образование и развој на деца, како и љубовта кон професијата наставник ме доведе во светот на образованието. Амбицијата кон образовниот процес ме инспирира постојано, будејќи во мене креативност, енергија и ентузијазам за работа со моите ученици.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Мануела Димова, одделенски наставник во ООУ „Тошо Велков - Пепето" во Кавадарци. Од мала имав желба да бидам наставник, ги сакам многу децата, тие се мојата инспирација. Секоја новина во образованието за мене претставува предизвик. Желбата за едукација, образование и развој на деца, како и љубовта кон професијата наставник ме доведе во светот на образованието. Амбицијата кон образовниот процес ме инспирира постојано, будејќи во мене креативност, енергија и ентузијазам за работа со моите ученици.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Тоа што сум дел од образовниот свет и што сум наставник на ученици од одделенска настава за мене е големо задоволство. Секој нов час со моите ученици е предизвик, но и нов почеток да научиме нешто ново кое ќе остави трајни знаења во детските мозочиња. Уште на почетокот од мојата кариера како наставник вложувам голем труд со цел да бидам подобар наставник, едукатор. Со задоволство учествувам на обуки, семинари, многубројни проекти, кои ми помагаат во развој и подобрување на мојата кариера.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Образованието, особено во период на пандемијата претрпи големи промени особено во делот на реализирањето на наставата. Ние како наставници бевме предизвикани, но и мотивирани да ги следеме чекорите на развој на дигитализацијата. Јас како наставник со голем ентузијазам, станав дел од ЕДУИНО. За мене тоа беше нов предизвик, за спознавање на светот на дигитализација како и иновативните методи за работа. Препорачувам што поголем број наставници да се вклучат во ЕДУИНО заедницата - на тој начин сите заедно ќе создадеме едно големо воспитно-образовно семејство кое ќе биде побогато со многу интересни идеи за реализација на наставата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието е темел на општеството. Иднината на образованието ја креираме сите ние заедно. Мотивирани и предизвикани од модернизацијата и дигитализацијата се трудиме да создаваме подобри услови и начини на учење. Огромно задоволство ми е што сум дел од ЕДУИНО и што сите заедно создаваме едукативни содржини кои се од голема помош и значење за учениците.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува раст и развој на образовниот свет, каде што ние наставниците заеднички и со голем ентузијазам, се надополнуваме, се надградуваме, споделуваме идеи и меѓусебно се мотивираме со цел да придонесеме во образовнието.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Креативна алатка, извор на многубројни идеи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Гонџе Ејуби
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО- амбасадор, всушност е успехот на учениците.
ambassador image
Емилија Стојановска
Да се биде ЕДУИНО-амбасадор е можност да ѝ се покаже на јавноста дека во нашата земја има многу квалитетни наставници кои одлично ја работат својата работа.
ambassador image
Ксенија Николова
Искуството, креативноста и љубовта кон работата излегуваат на виделина во моментот кога ЕДУИНО те предизвикува.