ambassador image
Маринела Готак
Педагог
ЈОУДГ „Ацо Караманов“ - Радовиш
Како стручен работник се залагам за тимска работа со колешките од градинката и пошироко и сум секогаш отворена за соработка, помош или поддршка. Во поглед на родителите градам односи на отворена комуникација и доверба за да можеме секој предизвик да го решиме во најдобар интерес на детето.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Маринела Готак, вработена како педагог во ЈОУДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш. Би се опишала себеси како личност која си ја сака и цени работата и во се што прави вложува многу позитивна енергија, ентузијазам и љубов.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Предучилишните установи се место каде мора да постои постојана комуникација и соработка меѓу трите главни чинители: кадарот, родителите и децата. Како стручен работник се залагам за тимска работа со колешките од градинката и пошироко и секогаш сум отворена за соработка, помош или поддршка. Во поглед на родителите градам односи на отворена комуникација и доверба за да можеме секој предизвик да го решиме во најдобар интерес на детето. Во работата со деца се трудам да бидам добар пример пред сè, бидејќи децата учат од нашата целокупна појава, а не само од она што сакаме ние возрасните да ги научиме. И јас како педагог се развивам и учам од сите, од колешките, од родителите, а многу работи учам и од најмалите.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мотив да се вклучам во ЕДУИНО заедницата ми беше моја пријателка која побара идеи и материјали за родители кои сакале да работат активности со своето дете. Ме израдува фактот што и покрај современиот начин на динамично живеење, имаме родители кои сакаат да поминуваат квалитетно време со своите деца, но им требаат идеи и поддршка. Ѝ ја предложив платформата ЕДУИНО за Ран детски развој, но забележав дека базата со активности би можела да биде побогата. Како мајка, и јас со моето дете дома работам разни активности и сакав истите да ги споделам со останатите заинтересирани родители. Од друга страна, игровните активности за во градинка сметам дека ќе им бидат од помош на сите воспитувачи кои сакаат да внесат идеја плус во работењето.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието е темел на иднината на еден народ. Мора да бидеме позитивни и да гледаме со оптимизам кон иднината, но исто така да бидеме реални за моменталната ситуација, која може и треба да се подобрува. Сметам дека треба да се врати почитта кон просветните работници, а за тоа треба сами да се избориме со постојано вложување во работата, професионален развој и достоинствено однесување.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува алатка за подобрување на работата, меѓусебна поддршка и соработка.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Несебично споделување идеи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Весна Пупучовска
Научив да користам одредени алатки што претходно не ги употребував.
ambassador image
Рената Максимова
За мене процесот на учење не е финален со завршување на формалното образование, туку е нешто кое трае во текот на целиот живот.
ambassador image
Исак Османи
Им препорачувам на моите колеги да работат повеќе, да има повеќе видеолекции и сè што треба за подобро и поквалитетно учење.