ambassador image
Мирадие Бајрами
Одделенски наставник
ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово
Секогаш се трудам да бидам отворена, позитивна и комуникативна личност, која е подготвена да ги учи и да ги заштити своите ученици. Подготвена сум да ги охрабрувам и да ги мотивирам да бидат креативни во секој момент.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Мирадие Бајрами, учителка во основното училиште „Наим Фрашери“ – Куманово. Работам со ученици од прво одделение. Јас оваа професија ја сакам и ја работам со љубов. Многу ги сакам моите ученици, секој ден со многу радост децата ме чекаат пред вратата и ме гушкаат, но и јас ги сакам, бидејќи ја сакам мојата професија. Подготвена сум да ги охрабрувам и да ги мотивирам да бидат креативни во секој момент. Секогаш се трудам да бидам отворена, позитивна и комуникативна личност, која е подготвена да ги учи и да ги заштити своите ученици.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Практиката е секојдневна, таа е различна секој ден и има свое значење. Јас би ги издвоила секојдневните дискуси со моите мили деца.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Ковид 19 го промени светот и многу од нас наставниците за првпат во својот живот се запознаа со моделот на онлајн-настава и учење на далечина.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Јас мислам дека треба да има најпрво квалитетни кадри, бидејќи децата се непроценлив капитал на една држава и вложувањето во нив е вложување во иднината.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене е најомилениот портал, кој во време на пандемија го поддржа образовниот систем во нашата земја. ЕДУИНО е колективен портал што беше најблиску до децата во време на пандемија, на кој учениците имаа можност да учат од дигиталните содржини.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Дружење и охрабрување.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Шемсие Ајдари
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.
ambassador image
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
ambassador image
Весна Јованова
ЕДУИНО е нашата можност за професионалното напредување, чекор поблиску кон суштински промени во образованието.