Нора Жута Села
Одделенски наставник
ООУ „Зини Хани“ - Струга
Сакам да креирам позитивна атмосфера во која секој се чувствува прифатено, атмосфера во која и јас станувам ученик. Од големо значење ми се моментите кога го гледам светот од нивна песпектива и станувам ученик исто како нив.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Нора Жута Села, работам како одделенси наставник во ООУ „Зини Хани“ - Велешта, Струга. Како наставник работам веќе 21 година и низ годините постојано се обидувам да создадам позитивна средина за учење. Често сакам да ги предизвикувам моите ученици да го искажат своето мислење, но воедно и да го поттикнам нивното критичко размислување. Во мојата училница правилата ги дефинираме сите заедно, така креираме можност за меѓусебно почитување и одговорност.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Сметам дека моите најдобри практики како наставник се поттикнати од љубовта кон мојата професија и моите ученици. Сакам да креирам позитивна атмосфера во која секој се чувствува прифатено, атмосфера во која и јас станувам ученик. Од големо значење ми се моментите кога го гледам светот од нивна песпектива и станувам ученик исто како нив.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Со почетокот на пандемијата, драстично се промени и концептот на работа за нас наставниците. Во тие моменти размислував за тоа: како можам да им го олеснам процесот на стекнување на знаење на моите ученици? Во тој период се запознав со ЕДУИНО и првиот отворен повик за видеолекции, па така ги снимив првите 11 видео часови. Бев особено среќна што преку моите видеолекции допрев до ученици од целата држава. Понатаму бев дел и од отворениот повик за едукативни игровни активности во склоп на платформата ЕДУИНО Ран детски развој и преку истиот поднесов 10 игровни активности.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината во образованието ја гледам со огромен потенцијал за подобрување на образованието и образовниот систем во нашата држава.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО претставува збирка на добри практики, платформа преку која ние наставниците можеме меѓусебно да ги размениме своите искуства.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Развој.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Теодора Ѓорѓиеска
ЕДУИНО ни пружи можност креативните едукативни активности да останат засекогаш забележани на едно место.
Шемсие Ајдари
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.
Марина Станиславова
Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата