ambassador image
Нусрет Хазири
Наставник по математика
ОУ „Хасан Тахсини“ - Рогле
Како наставник секогаш се обидувам да ги мотивирам учениците да го засакаат предметот, бидејќи кога го учат предметот кој го сакаат, постигнуваат позадоволителни резултати во учењето.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Нусрет Хазири, наставник по Математика во ОУ „Хасан Тахсини“. Како наставник секогаш се обидувам да ги мотивирам учениците да го засакаат предметот, бидејќи кога го учат предметот кој го сакаат, постигнуваат позадоволителни резултати во учењето.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Имам главна цел да ги поттикнам учениците на критичко размислување. Чувствувам особено задоволство кога ќе забележам дека учениците решаваат еден математички проблем на различни видови начини. Честопати во училиштето организирам и квизови со забавен карактер, кои особено го привлекуваат внимението на младите, а во кои вклучуваам хетерогени возрасти на групи ученици.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мојот главен мотив се учениците, а постоењето на видеолекциите е за тие да имаат дополнителна можност да го применат учењето на далечина. На своите колеги им препорачувам да се приклучат и да придонесат, а со тоа малку по малку ќе го збогатат ова богатство - ЕДУИНО.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Мислам дека иднината во образованието треба да биде добро проучена. Следејќи ги успешните искуства на развиените земји во полето на образованието треба да го извлечеме најдоброто од нив, но ова е еден многу внимателен и многу софистициран процес.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене е богатство од знаења, знаења кои може лесно да се користат од далечина.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
БОГАТСТВО!
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Марина Станиславова
Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата
ambassador image
Гонџе Ејуби
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО- амбасадор, всушност е успехот на учениците.
ambassador image
Нора Жута Села
ЕДУИНО за мене претставува ново искуство во мојата кариера, можност за креирање на трајни вредности во образованието.