ambassador image
Симона Ташева
Специјален рехабилитатор и едукатор
Едукацијата е многу важна, а ЕДУИНО е дел од образованието. ЕДУИНО е програма што помага во учењето и во обезбедувањето на потребните вештини за животот во општеството, како и поддржување на креативноста и на иновативноста, кои помагаат во развојот. Дизајнирањето на оваа програма помага училиштата да бидат подготвени и адаптирани за сите нови предизвици.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Симона Ташева и сум специјален рехабилитатор и едукатор. По потекло сум од Неготино, но живеам во Скопје. Моите едукации претежно се насочени кон лицата со атипичен развој. Во обука сум за преведувач и толкувач по знаковен јазик. Мојот начин на едукација најчесто е стимулирање на моторниот развој, когнитивен развој, како и развој на говорот и на неговата динамика. Моментално имам индивидуални часови, а сум и придружувач на децата во основното образование. Исто така, основач сум и на детската страница „Креативна библиотека за деца“. Тоа е страница на која споделуваме разновидни совети и идеи за децата. Целта е на интересен и забавен начин да ги мотивираме децата и родителите да стигнат до посакуваната цел и до резултатот што тие го посакуваат.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Во образованието се приклучив како придружба пред некоја година, како практикант за време на студирањето. Мојата работа секогаш се состоеше од едукација и рехабилитација на тие деца. Веќе одреден период работам со деца и, кога работам, најчесто целиот работен ден ми е насочен кон нив, кон нивната едукација. Децата секој ден се еден нов извор на знаење и емоции, со што и моето секојдневие го прават максимално исполнетои. Секако, јас овде користев многу методи и техники, како што се аба-терапијата, арт-терапијата, музичката терапија, лолипоп-терапијата, интернет ресурси, како и многу други методи. Би сакала да има повеќе информации и курсеви, повеќе техники и портали што би им го олесниле секојдневието на другите едукатори, на наставниците, како и на самите родители, за полесна работа. За сето тоа морав да црпам знаење претежно од портали што се на англиски или други јазици, па би било добро да има повеќе вежби и податоци на македонски.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Кога се запишав на факултет, не ја знаев вистинската тежина за мојата работа. Таа бара трпеливост, труд, нерви и, секако, упорност. Често сретнував дечиња и родители што се жалеа дека немаат доволно информации за едукација, дека во текот на работниот ден им е тешко кога требаат да избираат и да смислуваат сами игри и – така започна сè. Сè започна како предизвик: кога почна инклузијата, родителите имаа повеќе потреба за информации, идеи, игри. Па ,за време на пандемијата, додека се смени целосно концептот на работа, кога работите станаа уште потешки, јас стигнав до онаа што која долго време ја мислев – како да помогнам, како да им олеснам, како да ги мотивирам децата и, секако, во време на пандемија да му направам да се чувствуваат убаво, забавно и успешно. Така ја отворив страницата „Креативна библиотека за деца“. Сето тоа беше убаво, но нешто ми недостасуваше и тогаш ја видов идејата на ЕДУИНО – програма каде што се придонесуваше за сето она што јас го имав замислено. Тој ден решив да направам што е можно поинтересни идеи за деца и да се приклучам. Решив да ризикувам, да слушам и да учам. Затоа на сите им препорачувам да бидат упорни и истрајни во тоа што сакаат да го постигнат, зашто упорноста е половина пат до замислата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Едукацијата е многу важна, а ЕДУИНО е дел од образованието. ЕДУИНО е програма што помага во учењето и во обезбедувањето на потребните вештини за животот во општеството, како и поддржување на креативноста и на иновативноста, кои помагаат во развојот. Дизајнирањето на оваа програма помага училиштата да бидат подготвени и адаптирани за сите нови предизвици.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Платформа што помага во развојот на децата и во нивното правилно изразување, креирање и развивање. Го надополнува сето тоа што му недостасува во изворот на знаењето на едно дете. Помага и го олеснува сето она барање низ разновидни портали, сместено на еден портал.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Иновации.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Валентина Тодорова
ЕДУИНО е нашиот пат кон успехот и воспоставување на применлива, трајна, квалитетна и иновативна настава.
ambassador image
Жарко Алексовски
Јас како амбасадор ќе продолжам да помагам во креирањето нови видеа и се надевам дека учениците ќе бидат задоволни од моите излагања и презентации.
ambassador image
Билјана Арсовска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме простор да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.