Јасмина Муриќ
Воспитувач
ЈОУДГ „Фидани“ - Скопје
Како едукатор континуирано ги следам индивидуалните интереси и потреби на децата во занимална и притоа креирам средина која ќе ја поттикне љубопитноста и ќе ги мотивира децата да истражуваат и учат. При реализација на активностите често ја користам играта како метод на учење.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Јасмина Муриќ - дипломиран професор по предучилишно воспитание. Работам во детска градинка „Фидани“, Скопје во хетерогена група на возраст од 3 до 6 години на босански јазик. Би се опишала себеси како мошне весела, креативна, амбициозна личност, одговорна и посветена кон работата, секогаш подготвена за нови предизвици и новитети кои се дел од воспитно-образовниот процес.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како едукатор моето внимание секогаш е насочено кон добро подготвена средина исполнета со разни дидактички средства и креативни материјали, правилен избор на воспитни содржини кои истовремно се прилагодени на возраста и интересот на децата. Во мојата занимална секогаш преовладува меѓусебна почит, доверба, толеранција и соработка помеѓу децата. Тоа овозможува прекрасна можност децата да учат и секојдневно да стекнуваат нови знаења. Сметам дека преку обединето и усогласено функционирање на овие елементи успешно се исполнуваат воспитно-образовните цели во една предучилишна установа.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Кога за првпат се појави ЕДУИНО порталот за мене беше огромен предизвик да бидам дел од едно современо и дигитално образование. Мојот мотив и желба да се вклучам и придонесам кон ЕДУИНО беше можноста да го пренесам моето богато искуство како воспитувач стекнато преку мојата долгогодишна работа со деца. Ми беше задоволство да креирам разновидни игри прилагодени на раниот детски развој, да снимам видеолекции кои ќе бидат достапни во секое време за децата, родителите, наставниците и воспитувачите. Ги охрабрувам сите едукатори да бидат иновативни и преку својата креативност и енергија да ја збогатат ЕДУИНО библиотеката со многу интересни и едукативни видеолекции, како и креативни игри и да станат дел од големото ЕДУИНО семејство.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието е столб на нашето општество, процес кој треба постојано да се усовршува. Успешно образование подразбира добро организиран систем на форми, методи, наставни содржини, дигитални алатки кои ќе влијаат позитивно врз детскиот развој. Како ЕДУИНО Амбасадор сметам дека образованието е важен сегмент во животот на секоја индивидуа и треба континуирано да се следи и надоградува преку нови знаења, техники, вештини и иновативни решенија. Да се биде ЕДУИНО Амбасадор е прекрасна можност да се придонесе во процесот на учење и збогатување на дигиталната бибиотека со разновидни креативни игри и видеолекции кои ќе се рефлектираат на когнитивен, социо-емоционален и физички развој на секое дете и ќе обезбедат квалитетна едукација.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува образовна платформа која нуди бесконечно можности да се истражува и учи. Современа дигитална алатка за стекнување нови знаења, вештини и техники на учење. Прекрасна соработка и можност за споделување нови идеи и размена на искуства.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Современ, дигитален и едукативен портал.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Милица Кабранова
Добриот едукатор секогаш наоѓа лесен начин да им ги пренесе образовните задачи на учениците на рзбирлив начин за нив.
Гонџе Ејуби
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО- амбасадор, всушност е успехот на учениците.
Сандра Колева
За мене магијата за успешен едукатор се состои токму во разбирањето на детските желби, интереси и начини на размислување.