ambassador image
Ќемајледин Емини
Наставник по математика
ООУ „Лирија“ – Скопје
И во овие услови на пандемија бевме подготвени да работиме, така што, преку проектот ЕДУИНО, ни се даде можност да комуницираме со нашите ученици со видеозаписи. Пред тоа работевме на многу платформи, меѓутоа преку видеозаписи беше некако поинаку, подобро можевме да се искажеме, употребувавме придружни програми и слично.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Ќемајледин Емини, наставник по математика и информатика, и работам во ООУ „Лирија“ – Скопје. Живеам во Скопје, на ул. Крсте Асенов бр. 22/2/4 во Чаир, Скопје. Имам работен стаж од 35 години и себеси би се опишал како добар наставник, вреден и точен, кој посветено работи во својата професија.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Уште од почеток на својата кариера, имав добра можност да се вклучам експериментално како наставник по предметот информатика. Тоа беше во 1988 година. Требаше многу напорно да се работи, првпат се воведе предметот во образовниот систем и, како што знаете, во предметот информатика секогаш излегува нешто ново, па секогаш требаше да се учи за да се биде подготвен. Тој систем на работа нè направи повредни и поподготвени во секоја пригода.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
И во овие услови на пандемија бевме подготвени да работиме, така што, преку проектот ЕДУИНО, ни се даде можност да комуницираме со нашите ученици со видеозаписи. Пред тоа работевме на многу платформи, како Скајп, Зум, Вибер, Фејсбук, Мајкрософт тимс, меѓутоа преку видеозаписи беше некако поинаку, подобро можевме да се искажеме, употребувавме придружни програми и слично.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Сега имаме многу можности за унапредување на образованието, меѓутоа и барањата денес се поголеми, што значи дека работата останува како приоритет за добри резултати.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Добра можност за учење на нашите учениците, меѓутоа и добра пригода за младите колеги да учат преку реализацијата на наставните единици.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Перфектна можност за учење во секое време.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Гонџе Ејуби
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО- амбасадор, всушност е успехот на учениците.
ambassador image
Елена Мицовски
ЕДУИНО е начин за современа едукација. Брз, лесен пристап, едукативни содржини кои поттикнуваат интерес кај учениците.
ambassador image
Симона Палчевска
ЕДУИНО порталот го замислувам како едно големо срце кое дава живот, многу љубов на едно место за сите деца и возрасни.