Во изминатиот период вие бевте тие кои со својот труд, време и знаење создадоа видеолекции и едукативни материјали за предучилишно, за основно и за средно образование.
Инспирирани од вас, ја дизајниравме иницијативата ЕДУИНО-амбасадори, која има цел јавна пофалба и оддавање признание на вашиот труд, како и селекција на група од исклучително вредни и посветени наставници, кои се истакнаа според поставените критериумите за кои може да прочитате подолу.
Ве покануваме да ги запознаете нашите Едуино амбасадори, да ги слушнете нивните искуства, како и да дознаете за придобивките и начинот за приклучување кон оваа програма.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ЕДУИНО АМБАСАДОРИТЕ
НАШИТЕ ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
КАКО
АМБАСАДОР
„Јавна презентација за постигнувањето“ – објавено ваше интервју на eduino.gov.mk и на социјални медиуми
„Професионална заедница“ - станете дел од поголема заедница на ЕДУИНО-амбасадори корисна за споделување сугестии, насоки и новости;
„Пристап до обуки, работилници и конференции“ – можност да бидете дел од значајни едукативни настани;
„ЕДУИНО-амбасадори плакета и пофалница“ –потпишана и доделена од Бирото за развој на образованието;
„Достапни доделени лиценци за образовни дигитални алатки“ – со цел поттикнување на креативниот потенцијал и споделување на добри практики со заедницата.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА
ЕДУИНО АМБАСАДОР
Селекцијата на ЕДУИНО-амбасадори се одвива според однапред одобрени критериуми од страна на Бирото за развој на образованието (БРО). Согласно оваа ставка, критериумите при избор на секоја нова група на ЕДУИНО-амбасадори, се менуваат и адаптираат според актуелните потреби. Заклучно со септември 2021 се избрани две групи на ЕДУИНО-амбасадори и тоа по следните поставени критериуми:
За прва група која брои 23 ЕДУИНО-амбасадори:
Наставници со снимени и објавени над 15 видеа
Наставници со изработени над 10 активности за игра во домашни услови
За втора група која брои 10 ЕДУИНО-амбасадори, лица со снимени, верификувани и објавени :
Над 15 видео лекции на платформата ЕДУИНО настава
Просечно времетраење од 180 минути помеѓу сите видеолекции (10 -15 минути по видеолекција)
Видеата на сите наставници/професори кои ги исполнуваат критериумите за зачленување на заедницата на ЕДУИНО Амбасадори се разгледани и одобрени од советниците од БРО, со цел за да се утврди нивниот целосен квалитет и интерактивноста.
Со цел да бидете во тек со критериумите за новата група на ЕДУИНО-амбасадори следете ги најновите содржини споделени на ЕДУИНО порталот.
ЕДУИНО-амбасадор може да стане секој член на ЕДУИНО-заедницата кој ги исполнува критериумите кои се конкретно дефинирани при отворениот повик за ЕДУИНО-амбасадори и чии поднесени едукативни содржини се одобрени од страна на тимот на советници на БРО.
Целта на оваа заедница е да расте, да се проширува и да биде вистинска основа за поттикнување иновации во образованието, преку принципите на соработка и слободна размена на идеи.
ЕДУИНО е колективен портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој. Како колективен портал, ЕДУИНО се залага за поттикнување на отвореното споделување образовни ресурси и за поттикнување на иновативниот и креативен дух на просветните работници.
Во согласност со овие заложби, нашиот тим е отворен за сугестии, повратни информации и критики. Дополнително, отворени сме за нови идеи, соработки и можности. Затоа, ве покануваме слободно да ни пристапите со сите ваши прашања, вклучително и вашето изразување на интерес за иницијативата ЕДУИНО-амбасадори.
Нив можете да ги испратите секој работен ден на официјалната е-адреса: eduino@innovationlab.mk