ambassador image
Александар Цветкоски
Одделенски наставник
ООУ „Коста Рацин“ – Брвеница
Мојата мотивација се децата, нивниот пристап до поквалитетно образование. Им препорачувам и на другите просветни работници да се вклучат во тимот на ЕДУИНО, бидејќи помногубројни ќе бидеме уште поуспешни.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Александар Цветкоски, ООУ „Коста Рацин“, о. Брвеница, одделенски наставник. Иновативен, секогаш подготвен да го прошири и да го пренесе своето знаење.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Има повеќе, но ќе го издвојам тоа што преку видеолекции, со помош на ЕДУИНО, со учење на далечина го реализирав воспитно-образовниот процес.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мојата мотивација се децата, нивниот пристап до поквалитетно образование. Им препорачувам и на другите просветни работници да се вклучат во тимот на ЕДУИНО, бидејќи помногубројни ќе бидеме уште поуспешни.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието ја гледам на високо ниво. Иднина исполнета со многу успех, пристапност до квалитетно образование.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
За мене ЕДУИНО претставува семејство, тим, библиотека од која секој ученик може да црпе нови знаења.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Ризница!
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Гордана Наумовска Трајкоска
Среќна сум што мојата училница секогаш е исполнета со креативност, солидарност, еднаквост и другарување помеѓу сите ученици.
ambassador image
Теодора Ѓорѓиеска
ЕДУИНО ни пружи можност креативните едукативни активности да останат засекогаш забележани на едно место.
ambassador image
Викторија Стојановска
Моето мото е „Подари му љубов и разбирање на детето, помогни му да ги направи работите само и тоа низ искуството ќе научи сè што му треба“.