Мира Ѓорѓиевска
Педагог
ЈДГ ,,8 Март" - Скопје
Желбата за работа со мали деца е моја основна карактеристика. Креирање на нови пристапи, игри, стратегии се база на моето творење. Колегијалната поддршка, мотивирањето и разбирањето на моите колеги е нешто со што особено се гордеам.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Мира Ѓорѓиевска, педагог во ЈДГ ,,8 Март" - Скопје. Моето поле на едукација е доста широко. Еден дел се однесува на мојата постојана мотивираност за едукација на малите деца, изнаоѓање на нови стратегии, методи, содржини за нивна подготовка за идниот живот, а другиот дел на моето едукативно поле е постојаната желба да мотивирам, стимулирам, подучувам и пренесувам искуства и иновации на своите колешки-воспитувачи. Таму каде има иновација, истражување, поддршка и едукација се трудам да бидам и јас.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Спојувањето на теоријата и практиката во работата со малите деца го ценам како моја најдобра практика. Тоа е нешто што го практикував и како воспитувач, но и како педагог. Трагањето по подобрите начини на стимулација и следење на детскиот развој е она што ме води секојдневно.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Давањето придонес во градењето на првите 5 години на развојот на секое дете се моја основна мотивација. Кога еден учител осмислил, реализирал и проверил еден пат, една стратегија, од големо значење е кога истата ќе ја сподели и со другите учители. Токму затоа препорачувам на сите свои колеги, се што знаат да не остане во рамките на нивната занимална, туку да го споделуваат со цел да учиме едни од други.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието ја гледам како отворен систем во кој секој ќе може да го даде најдоброто од себе. Како и досега, образованието во голем дел зависи од нас. Доколку повеќе се посветиме на себе, како лично така и професионално, можеме да бидеме добар модел за сите деца кои се дел од нашите занимални.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е постојано отворена библиотека за тие што сакаат да читаат, планираат и реализираат. ЕДУИНО е еден од важните системи кој се грижи за развојот на секое дете. ЕДУИНО е важна основа за новото образование.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Ризница на скапоцени образовни знаења.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Ксенија Николова
Искуството, креативноста и љубовта кон работата излегуваат на виделина во моментот кога ЕДУИНО те предизвикува.
Марина Станиславова
Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата