Незир Таири
Наставник по математика
ООУ „Наим Фрашери“ – Тетово
Се трудам да бидам што е можно поблиску до децата, често им велам да ме сметаат како нивни другар што знае малку повеќе од нив. Сакам во училницата да има ред, дисциплина и работа.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум наставник по математика од 1983 год. Работам во основното училиште „Наим Фрашери“ – Тетово. Се трудам да бидам што е можно поблиску до децата, често им велам да ме сметаат како нивни другар што знае малку повеќе од нив – за да соработуваат со мене без комплекси. Сакам во училницата да има ред, дисциплина и работа.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Јас не можам да им бидам родител и другар, но можат слободно да сметаат на мене за сè што им е потребно да ги совладаат што полесно математичките вештини и способности. За нив сум достапен 24 часа.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Тргнав од две народни поговорки: „Нема дом без семејство, како што нема училница без деца“, и: „За доброто треба да се потрудиме, злото само доаѓа.“ Кога се затворија училиштата, децата веќе не ни доаѓаа на училиште, сега требаше ние мудро да постапиме, така што ние требаше да одиме кај нив. Сега школото е во секој дом, а ние треба да влеземе во нивните домови. Почнав со снимање на часовите, па преку платформата ЕДУИНО ги дистрибуирав кај нив, а потоа преку ЕДУИНО се преселив кај децата до ден-денес.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Се знае, нашето место е во школо, а пред нас се и учениците. Го молам Севишниот што е можно побрзо да се вратиме во нормала. И вака веќе правиме многу со онлајн-наставата, но се знае дека физичкото присуство е најпотребното.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Прозорец преку кој разменивме многу работи и споделивме солидни искуства за време на пандемијата.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Континуитет.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
Јелена Мандиќ
Во мојот фокус секогаш ќе биде соодветната едукативна подршка на децата преку користење на креативни игри и дигитална технологија.
Жаклина Ристовска
Постојано создавам автентични ситуации, со цел учениците да сфатат дека она што го учат и ќе го научат ќе им биде потребно и корисно во животот.