Пред три години, Светската Здравствена Организација прогласи пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 и оваа состојба глобално ги запре движењето и интеракцијата, а еден од значајните сегменти каде беше потребна поддршка беше образованието. Барајќи решенија за состојбата, образовните институции насекаде во светот се свртеа кон можносите кои ги нуди технологијата. Така, пандемијата поттикна рапиден развој на интерактивниот комуникацики формат наречен вебинар. Вебинарите со посредство на новите технологии, овозможија да продолжи образовниот систем и преносот на знаење. Во тој период и кај нас имаше прекин на наставата. Трагајќи по можни решенија, надлежните институции и експертската јавност, фокусот го ставија на наставата од далечина. За да овозможи совладување на предизивиците со кои се соочи образовниот кадар во тоа време, а дополнително и да се развијат или подобрат одредени професоинални знаења и вештини, во 2020 година започна првиот серијал ЕДУИНО-вебинари. Токму ЕДУИНО–вебинарите, веќе три години се огромна поддршка за квалитетно изведување на својата настава и професинален развој на едукаторите.
Овој формат на онлајн настани има интерактивна структура и овозможува учество на огромен број учесници. ЕДУИНО-вебинарите се бесплатни едукативни и интерактивни неформални настани кои ги одржуваат професионалци во својата област. Структурирани се со иновативни и напредни теми кои одговараат на потребите и предизивиците на наставниците, преку споделување примери од добри пракси и совети. ЕДУИНО-вебинарите нудат можност за поставување прашања и консултирање со предавачите околу одредени форми, методи, техники и инструменти за спроведување на процесот на учење и поучување во модерната настава. Преку ваквиот тип интерактивни и неформални настани имаме можност директно да влијаеме врз професионалниот развој на голем број едукатори.
Зеќирија Хасипи, Директор на Бирото за развој на образованието
По спроведувањето на првиот серијал ЕДУИНО-вебинари во 2020, успехот беше очигледен, фидбекот фантастичен, а статистиките повеќе од задоволителни. Неверојатниот број од 17 000 гледачи во живо и 50 262 YouTube прегледи на спроведени 13 ЕДУИНО-вебинари и доделени 19 000 сертификати, беа поттик нашиот ЕДУИНО тим во 2021 година да започне со подготовки за уште еден серијал. Вториот серијал ЕДУИНО-вебинари кој се одвиваше во 2021 година имаше надграден концепт, бидејќи во овој серијал на учесниците им беше овозможено да се стекнат со два вида сертификати: сертификат за стекнати знаења и сертификат за применети знаења (здобивање со сериозно практично знаење), кои се особена важност за нивниот професионален развој. Беа одржани 10 вебинари, имавме 27 000 гледачи во живо, 30 873 YouTube прегледи, а беа доделени 11 712 сертификати за стекнати знаења и 610 сертификати за применети знаења за што сме особено горди.
0
Перо Сарџоскио, Координатор на ЕУДИНО-вебинарите
Неверојатниот број од повеќе од 50 000 учесници кои ги проследија минатогодишните две изданија од серијалот, како и фантастичниот број со повеќе од 70 000 прегледи на YouTube видеата од вебинарите, нѐ охрабрија повторно да одговориме на потребите и на предизвиците на едукаторите. Така го осмисливме и третиот серијал ЕДУИНО-вебинари 2022, кој беше поделен во две етапи: првата етапа се реализираните вебинари во месец мај 2022, а втората етапа се реализираните вебинари кои се оддржаа во временски период од септември до декември 2022 година. Вкупно 26 000 слушатели на 14 ЕДУИНО-вебинари имаа можност да се стекнат со два вида сертификати: за стекнати и за применети знаења, а со сумултаното толквање на албански јазик во овој трет серијал ги задоволивме јазичните потреби на едукаторите и го промовираме концептот за соработка, инклузивност и заедништво во општеството. Истовремено, ЕДУИНО платформата стана достапна за многу поголем број корисници што овозможува силен импакт во процесот на модернизирање на нашиот образовен систем.
Александра Блажевска, предавач на ЕДУИНО-вебинари
Голема предност беше можноста вебинарите во сите три серијали да се следат на два начина: онлајн, како учесници, а потоа преку линк на платформата ZOOM или преку YouTube каналот на ЕДУИНО и преку видео-снимките кои се поставуваат по реализирање на секој вебинар. На овој начин вебинарите остануваат како траен ресурс за сите едукатори кои ќе посегнат по надградба на професионалните перформанси. Трите серијали ЕДУИНО-вебинари оджани во периодот 2020 – 2022, покажаа дека слушателите со мотивираност и инспирација ја искористија можноста да го подобрат својот личен и професионален развој како едукатори, стекнувајќи знаење од експерти во областа на образованието, како и преку своите колеги, реномирани предавачи, секој во својата област. Големата валидност на ЕДУИНО–вебинарите се потврдува со тоа што нивната содржина однапред се одобрува од Бирото за развој образованието и науката (БРО) во соработка со УНИЦЕФ. Импозантниот број слушатели на трите серијали ЕДУИНО-вебинари имаа можност да се стекнат знаења и вештини за иновативни наставни методи поддржани од новите технологии, како и нови педагошки концепти и алатки и истите да ги имплементираат во наствата.
Милена Игњатова, Проектен менаџер на ЕУДИНО
По искуството со трите серијали ЕДУИНО-вебинари, несомнена е констатацијата дека оваа програма има големо влијание врз професионалниот развој и унапредувањето на дигиталните вештини на голем број едукатори кај нас, со што се направи еден сериозен чекор во унапредувањето на националниот образовен систем. Особено сме горди што според нашите статистики ЕДУИНО-вебинарите се најгледаните вебинари во државата! Благодариме на сите предвачи, модератори, гости-спикери, учесници и слушатели! Се гордееме со сите вас!
Прочитајте повеќе за разговорите со нашите ЕДУИНО-вебинари предавачи тука: https://www.eduino.gov.mk/novosti/razgovori-so-predvachi/