Одделенски наставници

Драги одделенски наставници,

Добре дојдовте на едукативната платформа со креативни материјали, игри и активности за вашиот час со цел поттикнување на социоемоционалниот развој кај децата и на учењето базирано на игра. 

Во оваа секција може да најдете едукативни игровни активности за возрасната група ученици со која работите, да ги пребарате библиотеките според вашите потреби и да употребите активност за да креирате еден поразличен час!

Секоја едукативна активност содржи почетен опис: име на активноста, воспитно-образовно подрачје на кое ѝ припаѓа, цели, очекувани резултати од неа и начин на реализација – подготовка на материјалите, инструкции и насоки за активноста. Дополнително, повеќето активности содржат и прилози/фотографии, кои ќе ви послужат за реализација на активноста.

Сите активности се изработени од голем број едукатори низ земјата и нивната содржина е верификувана.

Дополнително, на оваа платформа имате можност да го надградите вашето знаење преку специјализирани обуки, прирачници за работа и корисна литература.

Активности - Одделенски наставници

game-thumbnail
Коцкаста приказна

Активноста „Коцкaста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација.Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно и писмено, како да ги применуваат изучените граматички и правописни правила во писменото изразување и како да индентификуваат 3Д форма (коцка).

Наставник
6-8 години6-8 години
Македонски јазикМакедонски јазик
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Пресликување на фолија

Во оваа активност детето ќе ja научи постапката на пресликување и начинот на кој може самостојно да го прави тоа според дадените инструкции. По завршувањето на пресликувањето, може да направите изложба со делата на учениците.

Наставник
4-6 години4-6 години, 6-8 години, 8-10 години
Ликовно образованиеЛиковно образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Кружен календар

Преку оваа активност учесниците се запознаваат со користење на мерните единици за време, идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината. Активноста е идеална за стекнување на навики за меѓусебна соработка, како и подобрување на сопствената мотивација и истрајност.

Наставник
6-8 години6-8 години
МатематикаМатематика
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Детективи во лов на литературни скриени богатства

Развивајте ја љубовта кон читањето интересни книги и збогатете го речникот.

Наставник
8-10 години8-10 години
Јазик, комуникација и развој на писменостЈазик, комуникација и развој на писменост
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Трка на емоции

Преку оваа креативна активност може да научите како да развивате позитивни односи и емпатија кон другите, самоконтрола и решавање на конфликти.

Наставник
4-6 години4-6 години, 6-8 години, 8-10 години
Социоемоционален развојСоциоемоционален развој
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Снешко бел - со букви цел

Преку оваа активност детето се оспособува визуелно да ги препознава буквите, учи да именува илустрации и да ги поврзува дадените букви со сопствената илустрација. Корисна е за деца на возраст од 6 години и максималното време за подготовка е 30 минути. Ги мотивира децата и ја подобрува нивната самодоверба и креативност.

Наставник
6-8 години6-8 години
Македонски јазикМакедонски јазик
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Ѓердан од броеви

Математиката е важен дел од развитокот на децата. Активноста „Ѓердан од броеви“ ќе им овозможи на децата успешно да ја развиваат логиката. За оваа активност, препознавањето и подредувањето на броевите од 1 до 10 се едни од очекуваните резултати по завршување на активноста.

Наставник
6-8 години6-8 години
МатематикаМатематика
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Бројна вртелeшка

На едниот лист со цвет има претставено броеви, а на другиот лист со цвет броевите ама со точки. Еден ученик од парот го врти цветот и кажува кој е тој број, а другиот ученик го бара бројот со точки.

Наставник
4-6 години4-6 години
МатематикаМатематика
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Парни и непарни броеви

Игра за совладување на парните и непарните броеви.

Наставник
6-8 години6-8 години
МатематикаМатематика
УчилницаУчилница
1 2 41 42

Дополнителни ресурси

Во секцијата „Ресурси“ може да пребарате дополнителна литература, прирачници, едукативни текстови, извештаи, истражувања, брошури и слично, кои го поттикнуваат социоемоционалниот развој кај децата, а се наменети за воспитувачи, одделенски наставници и за родители. Овие ресурси се поставени откако се соодветно проверени  од Бирото за развој на образование.

Дознај повеќе