Кружен календар
Преку оваа активност учесниците се запознаваат со користење на мерните единици за време, идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината. Активноста е идеална за стекнување на навики за меѓусебна соработка, како и подобрување на сопствената мотивација и истрајност.
Доколку сте автор на оваа активност, ве молиме контактирајте не.
хартија; тенок картон; ножички; лепак; три торбички во три бои;
Групна
Цели
Запознавање со мерни единици за време; Идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината; Користи соодветни мерни единици за мерење на време(ден, месец, година); Стекнување на навики за меѓусебна соработка
Резултати
Именува мерни единици за време, броеви и редните броеви; Именува денови од неделата и месеците од годината; Покажува интерес за меѓусебна соработка.
Игровна активност
Наставникот претходно изготвените шаблони ги сече и ги дели во три торбички „Весели торбички“ (торбичка со броеви, торбичка со денови и торбичка со месеци од годината).
Преку разговор и упатство на децата им се објаснува начинот и постапката на играта.
„Кружен календар: Времето се врти“ е игровна активност која има за цел да се научи редоследот на деновите во седмицата и месеците во годината, подредување на броевите во низа. Учениците се поделени во три групи во зависност од бројот на учениците во паралеката. Секоја група добива по едно „Весело торбиче“ и шаблон од еден круг. Во секое од торбичињата се наоѓаат исечени кругчиња на кои во едно се испишани броевите, во друго деновите и во третото месеците.Учениците извлекуваат од торбичињата и ги подредуваат според правилниот редослед. Истите ги лепат на шаблоните од круговите кои се различни по големина. Прв и најголем е кругот со броевите, втор по големина е кругот со месеците и најмал кругот со деновите во седмицата. Кога сите групи ќе завршат со активностите ги соединуваат трите круга во една целина. Потоа на календарот се става и лентата покажувач на која што има три празни полиња.