ЗОО пантомима
Играта поттикнува когнитивен и социоемоционален развој кај децата преку невербална комуникација и стекнување знаења за различните начини на движење кај животните, како дел од природните науки.
Биљана Стојановска, проф. по одделенска настава, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Центар - Скопје
● Претходно испечатени картички со животни ● ИТ-уред, проектор или паметна табла, презентација
Групна
Цели
- Да се поттикне социоемоционален развој кај децата.
- Да прават разлика меѓу животните врз основа на нивниот начин на движење.
Резултати
- Поттикнат е социоемоционалниот развој кај децата.
- Умеат да прават разлика меѓу животните врз основа на нивниот начин на движење.
Игровна активност
Наставникот обезбедува испечатени картички со животни.
Наставникот покажува инструкции како се реализира играта, ги посочува правилата и дава пример. Еден ученик влече картичка со животно и има задача да го имитира движењето на животното без да зборува, само со помош на своите движења. Останатите ученици треба да погодат за кое животно се работи.
Еден ученик влече картичка со животно и има задача да го имитира движењето на животното, а останатите ученици треба да погодат за кое животно се работи. Тој што ќе погоди е следен кој треба да имитира движење на животно. На крај заеднички проследуваат кратка презентација како заклучок од активноста.