Светлосна лава
Оваа активност е едноставна, но во исто време е забавно искуство што ќе му помогне на детето да ги прошири хоризонтите и да ги запознае законите на природата.
Силвана Бошковска-Ќулавковска, воспитувач, ЈУДГОЦ „Кочо Рацин“ - Скопје
Шишиња, прехранбени бои, сода-бикарбона, подлога (мушама), масло за јадење.
Групна
Цели
- Да се поттикнува потребата за користење на истражувањето како форма на учење.
Резултати
- Учествува во истражување и откривање нови сознанија за разни процеси, случувања и појави.
- Предвидува што ќе се случи врз основа на претходни набљудувања.
Игровна активност
Ќе се обезбедат две шишиња од вода, прехранбена боја, сода-бикарбона, а за подлога ќе се постави мушама за да го одржиме просторот чист.
На децата ќе им се објасни текот на експериментот.
Шишето се полни малку повеќе од половина со масло за јадење, остатокот се полни со вода, оставајќи 2 цм до врвот. Се додаваат 15 капки прехранбена боја и се става едно по едно лажиче сода-бикарбона и ќе забележите како лавата се буди. Продолжете да ставате сода и следете ја лавата одново и одново.