Активности и игри

Ве покануваме да ја разгледате нашата богата библиотека од над 200 активности за деца од 3 до 10 години, во која сме сигурни дека ќе најдете инспирација и прекрасна можност за учење и игра!

Оваа секција од платформата Едуино содржи игровни активности кои може да ги пребарате според избор на тема, возраст и време за реализација. Активностите се опишани според унифициран шаблон во кој е наведен начинот на подготовка и реализација, а подолу има и фотографии и/или видео од изведба на активностите. Во библиотеката ќе најдете и подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње.

Игровни активности
3 год. Возраст 10 год.
Учесници во активноста:
Форми на работа:
Локација:
Аспекти на развој:
game-thumbnail
Сложувалка од музички инструменти

Целта на активноста е децата да ги научат основните музички инструменти со составување сложувалка.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Музички часовник

Преку играта ученикот препознава четвртина нота и ја применува во тактирање, се мотивира да ги препознава тоновите сол и ми на петолиние и да ги применува во едноставни мелодиски вежби.

Наставник
8-10 години8-10 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Музиканти

Играта „Музиканти“ е ритмичка игра што поттикнува концентрација и соработка во групата.

Наставник
8-10 години8-10 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
„Баба јајца редела“

Раздвижување на говорниот апарат, правилен изговор на зборови, поделба на зборовите на слогови преку бројалка со делумна смисла на содржината на текстот.

Наставник
6-8 години6-8 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Веселите тропалки

Преку оваа музичка активност учениците го развиваат чувството за ритам. Се запознаваат со тропалките (маракас) што ги изработиле претходно.

Наставник
6-8 години6-8 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Логичка игра „Ластовица“

Со логичката игра децата ја набљудуваат ластовицата како вид птица, нејзините одлики и начинот на преживување, а со песната за неа се соживуваат со нејзиниот лет.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Когнитивен развој и стекнување на општи знаењаКогнитивен развој и стекнување на општи знаења, Музичко образование
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Музикограм „Џери“

Целта на оваа активност е кај учениците да се развива осетот за ритам, преку дадени симболи и композиција. Преку овој музикограм учениците на интересен начин ќе ја развиваат графомоториката.

Наставник
6-8 години6-8 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Музичка прошетка

„Музичка прошетка“ е игровна активност наменета за консолидација на времетраењето на нотата и развојот на чувството за ритам.

Наставник
6-8 години6-8 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Млади музичари

Учениците произведуваат музика од шумови и звуци. Секој ученик избира звук што ќе го произведе, но со ист ритам. Учениците се вклучуваат еден по еден и на крајот се создава интересна музика.

Наставник
6-8 години6-8 години
Музичко образованиеМузичко образование
УчилницаУчилница
game-thumbnail
Дожд и ветер

Драмска игра во која лесно може да се развива драмското дејство помеѓу ликови и ситуации.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Социоемоционален развојСоциоемоционален развој, Музичко образование
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
1 2