Активности и игри
Ве покануваме да ја разгледате нашата богата библиотека од над 200 активности за деца од 3 до 10 години, во која сме сигурни дека ќе најдете инспирација и прекрасна можност за учење и игра!Оваа секција од платформата Едуино содржи игровни активности кои може да ги пребарате според избор на тема, возраст и време за реализација. Активностите се опишани според унифициран шаблон во кој е наведен начинот на подготовка и реализација, а подолу има и фотографии и/или видео од изведба на активностите. Во библиотеката ќе најдете и подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње.
Оваа активност им помага на децата полесно да го разберат „Синџирот на исхрана“ во природата преку изведување на природните движења на различни животни и да научат дека „поголемите ги ловат помалите“.
Листовите се поставуваат на подот. Секој ученик ги поставува дланките и стапалата како што е прикажано на сликата. Победник е оној ученик што за најбрзо време ќе заврши со најмалку грешки.
Децата следат зададени инструкции преку приказна и со помош на дланките прават движења во вид на блага масажа врз грбот на другарчето пред нив. Се вежба вниманието, концентрацијата, но и моториката.
Преку играта, која се состои од јадење претходно подготвен оброк, децата се потикнуваат да јадат свесно, внимателно, полека, вклучувајќи ги активно сетилата за вкус, мирис и вид.
Преку оваа манипулативна игра, децата се поттикнуваат да ја користат доминантната рака во функција на остварување на конкретна цел и да ја развиваат координираноста меѓу окото и раката.
Оваа подвижна игра на децата им овозможува да ја развиваат орентацијата во просторот и истовремено да ги систематизираат знаењата за Сончевиот систем.
Интересна ликовна игра со необични и нестандардни ликовни материјали. Децата ќе се запознаат со моќта на привлекување на магнетот, ќе сликаат со него и ќе ги изразат своите креативни идеи и чувства.
Развивањето на фината моторика е важно за целокупниот развој на децата. Фината моторика се однесува на малите движења на раката, прстите на рацете и нозете, јазикот и ситните мускули на лицето.
Интересна игра за запознавање со домашните животни и која е користа на човекот од нив. Децата ќе осознаат на кој начин се добиваат млечните производи од кравата и ќе ги вкусат.
Оваа едукативна игра ќе им овозможи на децата на интересен начин да се запознаат со кошарката како спорт и да ги утврдуваат знаењата за броевите.