Активности и игри
Ве покануваме да ја разгледате нашата богата библиотека од над 200 активности за деца од 3 до 10 години, во која сме сигурни дека ќе најдете инспирација и прекрасна можност за учење и игра!Оваа секција од платформата Едуино содржи игровни активности кои може да ги пребарате според избор на тема, возраст и време за реализација. Активностите се опишани според унифициран шаблон во кој е наведен начинот на подготовка и реализација, а подолу има и фотографии и/или видео од изведба на активностите. Во библиотеката ќе најдете и подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње.
На слика е прикажано годишно време. Според него се пронаоѓа соодветна облека и се лепи околу сликата, а потоа следи нејзино соодветно опишување.
Со сложувалка се добива слика за приказната. Усно се раскажува. Се добива нов лист со истата приказна во 9 слики, се пишуваат реченици за секоја слика и се прави минисликовница.
Преку логичко размислување, учениците ќе научат да состават реченица. На наставен лист е првиот дел од реченицата, а на ленти вториот дел. Со лепење на лентите се формира правилна реченица.
Со оваа активност кај детето се развива мисловната способност за слушање и утврдување римувани зборови.
Играта стимулира критичко размислување и љубопитност кај децата, а истовремено го збогатува нивниот вокабулар и поттикнува самостојно користење речник.
Целта на активноста е ученикот да ги препознава буквите, да може да ги прочита зборовите и истите да ги претстави на срцето со точно порзување буква по буква.
Поттикнување на користење на говорот како средство за изразување на своите мисли, чувства и доживувања.
Играта поттикнува зајакнување на благодарноста како карактерна вредност, поттикнува користење говор како средство за изразување на своите чувства и учење со игра.
Играта поттикнува социоемоционален развој кај децата и учење со игра преку изразување на сопствените идеи, искуства и емоции, користејќи стрип како форма на креативно изразување.
Преку игра учениците ги препознаваат буквите и им определуваат иницијална, медијална и финална позиција во зборот.