Ежиња
Преку активноста Ежиња се зголемува самодовербата, истрајноста и креативноста кај секој од учесниците, како и се подобрува нивниот моторен развој. Кај децата се развива координираноста помеѓу окото и раката. Тие истовремено учат да ја користат повеќе доминантната рака. Се реализира за 30 минути и се изведува индивидуално.
Доколку сте автор на оваа активност, ве молиме контактирајте не.
Компир; Чепкалки; Макарони; Темперни бои/фломастери; Течен лепак;
Индивидуална
Цели
Да се развива координираноста помеѓу окото и раката.
Резултати
Ја користи доминантната рака.
Игровна активност
Подготовка на материјали за играта и избор на приказна за “Бодликавото еже”
На децата им се објаснува постапката за изработка на еже. Секое дете добива материјал. Најпрво се боцкаат чепкалките во компирот, потоа се бојат макароните и се лепат како очи и нос на ежето.
Модераторот им раскажува на децата приказна за ежето и разговараат за неговиот изглед, особено за што му служат боцките. Потоа секое дете има задача да изработи еже со дадените материјали.