Приказна за чадорчето и печурката
Развивајте ја фантазијата, втурнете се во приказните кои се кријат во природата и изразувајте се на креативен начин.
Ножички; Салотеп; табла (гумен душек); Дрвени боички;
Индивидуална
Цели
Да се развива способноста на детето за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање.
Резултати
Детето може со свои зборови да ги искаже стекнатите знаења.
Игровна активност
На детето му се дадени шаблони од ликовите кои се предвидени во активноста со задача да ги обои и да ги залепи на поставена подлога . (Прилог бр.1).
Родителот, како модератор, ја започнува играта со приказната и треба да ја поттикне детската активност и слободата во изразувањето. (Пролог бр.2). Играта трае сè додека се залепат сите апликации на дадената табла и се надоврзат на текот на приказната, се додека детето не заклучи дека пречурката и чадорчето се за заштита од дождот.
Се објаснува дека за оваа игра се потребни апликации кои претходно ги печатевме во домот и дека со нив ќе се измисли и раскаже приказната.