Кошарка со дување
Учениците преку оваа игра ќе имаат можност да се запознаат со поимот „сила“. Како ние со употреба на одредена сила ги придвижуваме предметите.
Сандра Колева
Пластични чаши; топчиња за пинг-понг; моливи или тетратки; селотејп.
Групна
Цели
Да знае дека предметите можеме да ги придвижуваме со употреба на одредена сила.
Резултати
Воочува и разбира како предметите можеме да ги придвижуваме со употреба на сила.
Игровна активност
Наставникот подготвува по една пластична поголема чаша и по едно топче за пинг-понг за секоја група. На секоја клупа каде што ќе ја изведуваат активноста групите, се поставуваат моливи, тетратки и слично, за да се трасира патеката по која ќе се движи топчето. (прилог 1 - Дообјаснување)
Наставникот им дава насоки за играта на учениците. Играта се изведува во 4 групи. Во секоја група учениците поединечно го дуваат топчето од старт (едниот крај на клупата) до кошот (пластичната чаша) кој е на другиот крај од клупата. (прилог 1 - Дообјаснување)
Наставникот дава знак за почеток на играта. Учениците по одреден распоред од секоја група дуваат поединечно на топчето сè додека тоа не падне во пластичната чаша (прилог 2). Потоа вториот ученик од секоја група дува и сè така се менуваат до завршување на играта. (прилог 1 - Дообјаснување)
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Играта е приспособлива за ученици со ПОП. Ученикот или ученичката може да ги бележи дадените кошови, да дува на топчињата, да ги пребројува цртичките итн.