Од кој материјал сум?
Учениците, преку игра, во мали групи, идентификуваат предмети од различни материјали во училницата и ги именуваат материјалите од кои се направени.
Мануела Димова, Сандра Колева, Маја Буклеска
Кутија, предмети направени од различни материјали.
Групна
Цели
Да идентификуваат и именуваат видовите материјали од опкружувањето.
Резултати
Идентификува и именува видови материјали од опкружувањето.
Игровна активност
Играта се реализира во училница. За реализација на играта потребни се толку предмети направени од различен материјал (дрво, пластика, метал, хартија, стакло, гума, текстил), колку што ќе има членови во секоја група. (прилог 1 - Предлог на предмети од различни материјали)
Учениците со броенка се делат во групи: група 1-стакло, група 2-текстил, група 3-гума, група 4-метал, група 5-хартија, група 6-дрво, група 7-пластика. Предметите од различни материјали се ставени во кутија. * Ако групата има 4 члена, во кутијата треба да има 4 предмети од ист материјал.
По еден член од секоја групата доаѓа до кутијата и без да гледа, користејќи го сетилото за допир треба да пронајде предмет од материјалот кој го носи називот на неговата група, за време од 10 секунди. Играта се игра додека не изротираат сите ученици. (прилог 2 - Детален опис на играта)
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Доколку во одделението има ученик/чка со посебни образовни потреби, во зависност од видот на тешкотијата, наставникот ја приспособува играта за ученикот. Играта е приспособлива за децата со посебни образовни потреби. Ученикот/чката може да ги подредува предметите на соодветното место, активно да учествува во играта, да ги собира поените на својата група...