Необичен балон
Играта поттикнува стекнување ликовни вештини за контрола и координација на движењето на раката при користење на приборот за разни ликовни техники. Ликовно илустрирање на доживеаните зимски радости.
Елизабета Накова, Пале Арсова, Јованка Ефтимова
Балони во бела боја, темперни бои, четка.
Индивидуална
Цели
- Да се оспособува за творештво при набљудување, користење, комбинирање и истражување со различни ликовни творечки матрејали.
- Да се поттикне детето да ги изрази своите креативни идеи и чувства.
Резултати
- Детето покажува самостојност во ликовното изразување.
- Детето ги изразува своите креативни идеи и чувства преку слика.
Игровна активност
Секое дете треба да си донесе по еден балон и да ги подготви материјалите за сликање.
За реализирање на оваа игра, дечињата имаат за задача на површината од балонот, со користење темперни бои и четка, да нацртаат зимска слика (елка, снегулки, снешко и сл.). Тие претходно добија инструкции на кој начин да ја нанесуваат бојата што беше погусто растворена за да не им се размачка.
"Необичен балон" - ликовна игра преку која на балон ја сликаме нашата зимска бајка. Секое детенце, според својата замисла и идеја, користејќи различни ликовни материјали, создава зимка слика на балонот.