Дете - елка
Учениците во групи преку елементарни игри треба да накитат ученик како новогодишна елка со поставување лампиони на неговите прсти, украсна лента на вратот и чун на главата (замена за врв).
Весна Бошковска, одделенски наставник, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје
● 20 лампиони ● 2 украсни ленти ● 2 чуна ● 2 обрача ● 2 високи пречки ● 2 ниски пречки
Заедничка, Групна, Индивидуална
Цели
- Да учествува во едноставни елементарни игри.
- Да ги развива психомоторните димензии: брзина, снаодливост, издржливост, правилна и навремена реакција.
Резултати
- Учествува во едноставни елементарни игри.
- Развива брзина, снаодливост, издржливост, правилна и навремена реакција при изведување едноставни елементарни игри.
Игровна активност
Секој ученик носи по еден лампион што не е кршлив. Наставникот го подготвува просторот во салата и потребните ресурси (два обрача, два конуса, две високи и две ниски препреки и две новогодишни украсни ленти).
Наставникот ги распоредува учениците во две групи, ја објаснува активноста и правилата на играта. Дава насока групата да избере ученик што ќе ја игра улогата на елка.
Еден ученик од групата се избира да претставува елка што ќе треба да биде украсена со 10 лампиони, една украсна лента и еден чун наместо врв. Победува групата што прва ќе ја накити елката (објаснување на играта во Прилог 1).
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученикот во зависност од попреченоста може самостојно или со поддршка од соученик/образовен асистент/наставник да ја изведува активноста. Може со трчање или со одење да ги помине пречките. Секој наставник ја приспособува активноста според можностите на ученикот со ПОП.