Музикални чаши
Цели
- Да се оспособи самостојно да создаде звук.
- Да знае да класифицира звуци во височина.
Резултати
- Умее да создава звуци со едноставни, кружни движења на прст.
- Ја доживува разликата на височина на создадените звуци.
Игровна активност
Наставникот приложува чаши во форма на ѕвон – широка, со тесен отвор и вода.
Во чашите се сипува вода. Нивото на водата треба да биде на различни нивоа – помалку од половина чаша, половина и повеќе од половина. Доколку се истражува со повеќе нивоа на вода, ќе може да се слушнат повеќе различни звуци по височина.
Наставникот демонстрира со кружни движења на навлажнет прст со вода на отворот на чашата. Секој ученик истражува создавање звуци. При игра на чаши со различни полнења на вода, воочува движење на водата при создавање звук, врши класификација на звуци во зависност од висината на водата во чашата.