Новогодишни еко-пораки
Наставникот подготвува различни пораки, кои се ставаат како лампиони и украси на елката, на еден интересен начин преку игра – сложувалка на новогодишни еко-пораки.
Жаклина Ристовска, одделенски наставник во ООУ „Браќа Миладиновци“ Аеродром, Скопје
● А4 бел лист – работен лист со еко-пораки и други форми ● Лепило ● Ножици ● А4 син, бел или во друга боја хамер ● А4 бели листови ● Линијар шаблон ● Фломастери ● Моливи во боја
Групна
Цели
Развивање свест за чување и грижа на планетата Земја и здрав живот.
Резултати
- Разбира и толкува еко-пораки за зачувување на нашата планета од загадување и други последици од искористување на природните ресурси.
- Создава елка со новогодишни еко-пораки, чиста и здрава планета Земја.
Игровна активност
Наставникот подготвува, печати и дели работен лист со новогодишни еко-пораки и други форми на секоја група ученици (3-4 ученици).
Наставникот бара од учениците да ги исечат формите од работниот лист, да ги состават еко-пораките во една реченица (речениците се со иста боја). Потоа на хамер да ги залепат и да формираат новогодишна елка и околу неа да ги вметнат и другите форми.
Учениците ги сечат формите од работниот лист и се обидуваат да ги комбинираат еко-пораките, креираат елка од новогодишните еко-пораки, внесувајќи своја креативност. Можат да напишат и свои еко-пораки и да нацртаат други новогодишни белези.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Во зависност од попреченоста, наставникот/асистентот им помага на учениците со попреченост при сечење и лепење и поттикнува вклучување во играта – сложувалка.