Сврти и кажи збор
Играта поттикнува зајакнување на самодовербата и упорноста како карактерни вредности, стекнување знаења преку игра и оспособување за составување и читање кратки зборови.
Биљана Стојановска, проф. по одделенска настава ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Центар - Скопје
● Коцки со букви ● Ножици ● Лепило
Работа во парови
Цели
- Да се оспособи за визуелно препознавање на големите печатни букви од азбуката.
- Да се оспособи за составување и читање кратки зборови.
- Да се зајакнат самодовербата и упорноста како карактерни вредности.
Резултати
- Умеат визуелно да ги препознаат големите печатни букви од азбуката.
- Умеат да состават и да прочитаат кратки зборови.
- Истрајни се во обидите од понудените букви да состават збор.
Игровна активност
Наставникот обезбедува по 4 коцки со букви за секој пар играчи.
Наставникот покажува инструкции како се реализира играта, ги посочува правилата и дава пример. Ги дели учениците на парови и на секој пар им дава по 4 коцки со букви.
Учениците наизменично ги фрлаат сите 4 коцки одеднаш и пробуваат да направат и да прочитаат збор од буквите кои ги свртеле. Зборот го запишуваат во тетратка. Победник е оној што ќе состави повеќе зборови. Како помош на коцките, кај секоја буква има соодветна илустрација.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Детето може да учествува во пар или, пак, самостојно, со тоа што ќе се променат барањата на играта. Така, на пример, да му се понуди само една буква за која треба да состави збор или може да го избере зборот што одговара на дадената буква.