Волшебните очила
Играта поттикнува развој на способноста за изразување различни чувства и нивно слободно споделување.
Мира Ѓорѓиевска, Сања Алексоска, Валентина Зиндл, Атинула Ничова, Симона Палчевска
Рамки на пластични очила во црвена, жолта, сина и зелена боја. „Семафор на емоции“ - Хамер од 4 полиња со црвена, жолта, сина и зелена боја и повеќе емотикони со различни емоционални експресии.
Заедничка
Цели
Да се оспособува за воочување и манифестирање на некои емоции во секојдневната комуникација.
Резултати
Детето може да се опише себеси и другите како изгледа кога си среќен, тажен, лут, бесен и исплашен.
Игровна активност
На активноста ѝ претходи играта „Како се чувствувам денеска?“ која се игра со помош на „Семафор на расположение“ (хамер со 4 бои / 4 полиња на различни емоции). Потоа на децата им се покажуваат „Волшебните очила“ (пластични рамки за очила во 4 бои) и се даваат инструкции за играта.
Децата се стимулираат слободно да ги изразат различните чувства кога ќе ги стават очилата со соодветна боја. Црвени: лутина, бес; Жолти: возбуда, среќа; Сини: страв, изненаденост; Зелени: смиреност, опуштеност, релаксираност.
Воспитувачот става 1-2 очила и одглумува соодветна емоцијa според бојата на емоција од Семафорот на расположение. Гледаат низ: тажните, среќните,бесните очила и сл. Децата емоцијата можат да ја искажат со збор,движење,пеење.Потоа може да се организира разговор меѓу 2-3 носители на „Волшебни очила“.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Во активноста може да се вклучат децата со ПОП, доколку тие секојдневно се стимулираат во користењето на алатките за социоемоционален развој со што можат во одреден обем да ги изразат своите чувства.