Шифрирано договарање
Активноста поттикнува создавање различна комуникација преку шифри, симболи, знаци. Мотивира на тајна комуникација со договорени знаци за одредена група ученици.
Гордана Икономовска ООУ „ Круме Кепески“ Скопје
Испечатен клуч со шифри, испечатен лист со активности, боички.
Работа во парови
Цели
- Да се мотивира за создавање тајни знаци и да развие различен начин на комуницирање
- Да научи да создава тајни, шифрирани пораки, да дешифрира тајна порака.
Резултати
- Користи понудени симболи за тајно пишување пораки
- Знае да дешифрира, да одгатне напишана тајна порака.
Игровна активност
Наставникот подготвува испечатен наставен лист со клуч/шифри со симболи за секој ученик и лист со понудени активности.
Секоја буква е заменета со по еден емотивен симбол. Создавање порака значи одделно запишување на секој збор, секој збор има онолку симболи колку што има букви во зборот.
Заеднички се врши пробно составување на случајно избран збор. Потоа се избирааат парови кои ќе си создаваат и разменуваат тајни пораки. Со активноста се создаваат интересни и различни комбинации на симболи.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
На учениците со попреченост може да им се даде напишан краток збор и со помош на асистент или наставник ќе ги претстават со понудените симболи.