Кој каде се движи?
Целта на активноста е преку манипулативна игра децата да ги утврдат и прошират своите сознанија за видовите на сообраќај и за превозните средства.
Маринела Готак, педагог, ЈОУДГ „Ацо Караманов“ Радовиш
Испечатени апликации со сообраќајни средства; боици; 1 син хамер; 1 бел лист А4 формат; 1 црн маркер; ножици, 1 течен лепак.
Заедничка, Групна, Индивидуална
Цели
- Да се запознава со различни видови сообраќај и сообраќајни средства.
- Да се поттикне кон развивање на сообраќајната култура.
Резултати
- Именува и разликува видови сообраќај.
- Набројува пет до шест сообраќајни средства.
Игровна активност
Се подготвуваат апликации со сообраќајни средства и хамер на кој се претставени патиштата по кои се движат сообраќајните средства.
Воспитувачот им ги дели сообраќајните средства на децата, тие ги бојат и ги подредуваат на соодветниот пат по кој треба да се движат.
Најпрвин се разговара за сообраќајните средства што секојдневно ги среќаваме. Со текот на играта преку манипулација и импровизација на патиштата и средствата децата ги потврдуваат и прошируваат знаењата за сообраќајот.