Дознај за почвата – истражувај ја нејзината корист
Целта на активноста е ученикот да ја запознае почвата, слоевите на почвата, бојата на почвата и користа од почвата што ја има човекот. Изработува шаблон на делови од почва и слики.
професор по одделенска настава Соња Апостоловска-Трајковска, професор по одделенска настава Елена Максимовска - ментор, професор по одделенска настава Виолета Поповска
Бели листови за прилозите, боички, ножици и лепило.
Групна, Индивидуална, Работа во парови
Цели
Да научат кои се слоевите на почвата, името и видот на почвата, боја на почвата и користа од почвата за човекот.
Играат игра со распоредување исечоци.
Резултати
Сечат делови од слоеви - вид почва, ги бојат по нивната впечатливост и боја од природата, сечат и бојат слики на кои се претставени исходи од користа на видот на почвата.
Игровна активност
Учениците се запознаваат со слоевите на почвата, составот, бојата и благодатите од неа. Притоа се напоменува за нејзината глобална загаденост и насоки како да се преземат мерки за да се заштити и правилно да се искористува од човекот.
Наставникот покажува инструкции како да се изврши, а потоа учениците го повторуваат истото.
Учениците пред себе имаат лист со слоеви од почвата. Ги бојат и ги сечат. Потоа ги бојат сликите од материјалната придобивка од видот на почвата и ги сечат. Откако ги имаат исечени деловите пред себе, ги мешаат во неправилен ред и на даден знак кој ќе успее да ги намести во правилен ред - победил.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Оваа игра може да ја играат и учениците со посебни образовни потреби во делот кога се поместуваат слоевите на почвата и нивната намена.