Волшебниот свет на боите
Со оваа игра децата ќе се стекнат со прецизност, умешност и истрајност и со поголема самодоверба во своите способности. Активноста ќе им овозможи да дојде до израз креативната фантазија.
Листови од блок бр. 4, темперни бои, подебели четки.
Индивидуална
Цели
- Стекнување искуства за примена на различни линии со различни дебелини - хоризонтални, вертикални.
- Оспособување за користење на прстот показалец за добивање различни линии.
- Поттикнување на самостојноста во ликовното изразување.
- Стекнување поголема контрола и сигурност на движењата на раката.
- Развивање способност за перципирање и разликување на боите.
Резултати
- Детето правилно го користи приборот за сликање.
- Детето умее да се грижи за хигиената во просторот.
- Детето ги познава основните ликовни материјали и нивните својства и можности.
- Детето може да нацрта хоризонтална и вертикална линија.
- Детето ги разликува основните бои и нивните нијанси.
Игровна активност
На децата им се делат листови во А-4 формат, една подебела четка и темпера во различни бои.
Им се објаснува на децата дека активноста се состои од повлекување линии, односно размачкување боја. Децата најпрво од секоја боја со подебела четка ставаат по малку, хоризонтално и вертикално на самиот крај од листот (во форма на капка).
Децата имаат слобода по сопствена желба да ги одберат боите. Секое дете со прстот показалец ја разнесува бојата од првата вертикална точка влечејќи хоризонтално, а потоа од првата хоризонтална точка ќе влече вертикално до крајот на листот наизменично додека не се пополни целиот лист.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Играта може да биде поедноставена со тоа што ќе се минимализира бројот на капки од боја. Или може да се направат само хоризонтални точки, при што би се повлекувале линии само во една насока.