Како се чувствуваме ние... еве погледнете вие
Со бои се претставуваат различните чувства и секое дете дава свое објаснување зошто ја избрало соодветната боја. На крај преку сложувалка од два дела комбинираат емоции.
Симона Палчевска, Атинула Ничова, Валентина Зиндл, Мира Ѓорѓиевска, Сања Алексоска
Хамер, темперни бои (црвена, сина, зелена, бела, розова), четки за боење, фломастери.
Заедничка, Работа во парови
Цели
Запознавање со различните чувства.
Прифаќање на чувствата и нивно контролирање.
Резултати
Детето умее да препознава различни чувства.
Детето може да препознае насмеано лице.
Детето умее да препознае тажно и налутено лице.
Игровна активност
Воспитувачот обезбедува хамер на кој има нацртано контура на тело. Исто така се подготвуваат и различни ликови со нацртани различни чувства (насмеано лице, налутено лице, тажно лице).
На хамерот во рамките на контурата треба да се претстават различните чувства на секое дете, со симбол, цртеж или боја, во зависност од тоа како се чувствуваат децата. Потоа, им се даваат нацртани ликови поделени на 2 дела и децата треба да прават комбинации од различни чувства.
Со децата се поведува разговор за тоа како се чувствуваат и кои видови чувства постојат. Потоа секое дете треба да размисли за тоа како се чувствува во моментот, со кој симбол би го обележало тоа, на кое „место се наоѓа“ чувството во телото и со која боја може да се обои. Следува сложувалка.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Детето може да работи во пар со свое другарче, особено во делот со сложувалката.