Стигни до градот...
Целта на активноста е ученикот да стигне до посочениот град на нема карта, со еден вид на движење (трчање, скокање, лазење и сл.)
Весна Јованова, Николина Милевска, Душица Јакимовска
креди во боја
Групна, Индивидуална
Цели
-Да ги развиваат психомоторните способности: примена на различни видови на движења.
-Да се ориентираат на географска карта на РСМ со мал број ориентири.
Резултати
-Учениците ги развиваат психомоторните способности: примена на различни видови на движења.
-Учениците се ориентираат на географска карта на РСМ со мал број ориентири.
Игровна активност
Наставникот ги црта со црвена креда контурите на нашата држава и со сина креда реката Вардар и трите езера: Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, за да им послужат за полесно ориентирање на учениците.
Наставникот ги објаснува правилата на играта - изведување различни видови движења до посочено место. Учениците се наредени во круг околу нацртаните контури и чекаат на знак на наставникот, на пр. Со скокање на една нога оди во Битола; Со трчање до градот Неготино...
Посочените ученици треба со одредениот начин да одат на местото каде што се наоѓа посочениот град. За точно извршена задача добиваат поен, а доколку згрешиле, наставникот повикува друго дете за да му помогне и поенот го добива оној кој ќе застане на точното место на картата.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученикот со ПОП може да учествува во играта зависно од попреченоста. Добива поддршка од придружник.