Буква по буква – збор
Активност за развивање на мисловниот процес, јазичните вештини, подобрување на комуникацијата и подобрување на моторичките способности.
Специјални едукатори и рехабилитатори: Кристина Јанковски и Дијана Попанов, ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова“ – Велес
- 20 слики - Прилог 1 - Принтер - Хартија - Пластификатор - Ножици - 30 штипки - Маркер/фломастер
Индивидуална
Цели
- Развивање на фината и грубата моторика
- Усвојување на печатните букви од азбуката
- Развивање на мисловниот процес.
Резултати
- Успешно ракува со работниот материјал
- Правилно составува зборови по дадена слика
- Ги препонава буквите од азбуката и составува збор од нив.
Игровна активност
Печатење 20 сликички - прилог 1, пластифицирање и сечење. На мали дрвени штипки се пишува азбуката, со тоа што буквата „А“ се пишува на две штипки (некои зборови, буквата „А“ ја содржат двапати).
Според сликите се составува збор. Се пронаоѓаат штипките со буквите кои ги содржи зборот и се закачуваат на долниот дел на сликата, редоследно, за да се добие точниот поим.
На ученикот му се дава право на избор на една сликичка. Потоа, именува што има на сликата, ги пронаоѓа штипките со буквите кои ги содржи поимот што го именувал и редоследно ги закачува на долниот дел од сликата за да го добие точниот поим.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
За учениците со попреченост, оваа активност може да се приспособи така што може да им се понудат сликички што им се познати, со изучени букви.