Часовник
Преку изработка на часовник децата се запознаваат со времето и полесно го совладуваат мерењето на времето.
Едмонда Шеху
Хамер; дрвени боички; листови со нацртана контура на рачен часовник (Прилог 1).
Индивидуална
Цели
Да се поттикнува логичкото размислување и поврзување за елементарни претстави за временските релации.
Резултати
Децата ги разбираат временските релации.
Игровна активност
Се печатат и се сечат апликации за изработка на часовник за секое дете. На хамер се црта часовник со празни полиња на секој час.
На децата им се објаснува како правилно да ги изработат часовниците и да ги нацртаат стрелките.
Со децата се разговара за сите активности што ги имаат во текот на денот и се запишуваат на хамер (во празното поле до бројот), со цел да можат да ги поврзат со мерење на времето. Потоа секое дете изработува свој рачен часовник според дадените насоки.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
/