Игра со карти
Цели
Да се развива вештина за социјална интеграција.
Да се развива вештина за вреднување на успехот, но и за справување со разочарувањето.
Резултати
Детето ги почитува правилата на играта, се договара и соработува со другите играчи.
Во позиција кога губи во играта, детето правилно се справува со разочарувањето.
Игровна активност
Потребно е да се испечатат два примерока од прилогот подолу.
Од двата пара карти се вади едната што нема свој пар (фармерот, треба да остане само една таква карта). Се делат картите на сите деца и по ред секое дете влече карта од другарчето пред него. Дуплите се пуштаат на масата, а она дете кај кое ќе остане единичната карта губи.
Децата се седнуваат на маса, им се делат картите и им се објаснуваат правилата. Откако ќе остане само едно дете со единичната карта, тоа значи дека ја загубило играта и треба да ги забавува другарчињата со песничка или стихотворба.