Како растат коските
Да се збогатат знаењата на децата за органите на своето тело и нивната функција.
Валентина Трпчевска, воспитувач, ЈГДОА „Срничка“ - Скопје
Слики на скелет на човек, текст „Како растат коските“ од списанието „Росица“, стиропор или хамер, ролни од хартија, макарони, лепило.
Заедничка
Цели
- Стекнување елементарни знаења за човековото тело и некои негови делови.
- Поттикнување љубопитност за некои негови органи (коските).
Резултати
- Детето умее да наброи некои делови од своето тело.
- Детето е љубопитно и сака да знае повеќе за човековите органи (коските).
Игровна активност
Воспитувачот подготвува текст за растењето на коските, ролни од тоалетна хартија, макарони.
За играта е потребен стиропор (или хамер) на кој ролните ќе ги набоцкате (залепите) со шпенадли и ќе создадете скелет на човек. На децата им се дава лист од блок, на кој ги лепат макароните и создаваат своја креација (скелет на човек).
Активноста започнува со разговор за деловите на човековото тело и како тоа стои исправено. Покажете му на детето слики со скелет и објаснете му каде сè има коски и каква функција имаат тие. По ова прочитајте му за „Како растат коските“ (од прилогот) и изработете го скелетот од ролните.