Кој е мојот дом?
Преку оваа активност кај учениците се развива интересот и желбата за истражување и набљудување. Учениците на интересен начин увидуваат и откриваат каде живеат животните.
Маја Митева Петроска, Тодорка Нане, Теодора Ѓорѓиеска
Слики во боја со различни животни, слики со различни живеалишта, празни кутии од кибрит, лепило.
Работа во парови
Цели
- Идентификува сличности и разлики меѓу животни средини (живеалишта) и знае за начините преку кои тие влијаат врз животните што живеат во нив.
Резултати
- Може да идентификува сличности и разлики меѓу животни средини (живеалишта) и каде живее одредено животно.
Игровна активност
Се подготвуваат мали слики со различни видови животни и нивните живеалишта (Прилог 1). Секоја слика се сече и потоа се лепат на кутичиња од кибрит (Прилог 2). Сликите со домовите се лепат на надворешниот дел од кутијата, а сликите со животни на внатрешниот дел од кутијата.
Оваа игровна активност се изведува во парови. Пред секој пар има кутии со животни и живеалишта (Прилог 2). Парот треба да ги спои животните со нивните домови.
Учениците повторуваат за животната средина и какви сè живеалишта се среќаваат, за тоа дали луѓето имаат свои домови и дали тие се разликуваат. Се разговара каде живее останатиот жив свет (на пример, опишете едно животно: Дали тоа има свој дом? Зошто му е потребен дом?) (Видете Прилог 3)